Псалми 62
62
ПСАЛМ 62
Ништожноста човекова
1Само во Бога се успокојува душата моја, од Него е моето спасение. 2#Ис 12,2Зашто Тој е Бог мој, и мој Спасител. Тврдина моја: нема да се поколебам. 3#18,2; 46,7.11; 89,26До кога ќе притискате врз човекот? Го уривате сите вие како наклонет ѕид и накривена ограда! 4Намисливте да го уништите моето достоинство со лага; со устата своја благословувате, а со срцето свое колнете. 5#4,2; 28,3; 55,21А ти, душо моја, само на Бога чекај, зашто само во Него е мојата надеж. 6#42,5.11; 43,5; 71,5; 118,8; Мих 7,7Само Тој е моја Карпа и Спасител мој: тврдина моја и нема веќе да се колебам. 7#1 Мојс 49,18Во Бога е моето спасение и мојата слава; Бог ми е силна карпа и прибежиште мое. 8#Ис 45,17; 60,17; Ер 3,23Надевајте се во Него сите луѓе во секое време; отворете го срцето ваше пред Него: Бог е нашето прибежиште. 9#Ис 26,4Синовите човечки се само суета; синовите човечки се лага; кога би ги ставиле на мерило, тие сите заедно би биле полесни од здив! 10#39,5-6; 49,2; 116,11; Ис 40,15Не верувајте во насилство и не посакувајте грабеж; кога богатството расте, не приврзувајте го срцето кон него. 11#Ис 30,12; Ер 17,11; Ез 22,29; Јов; 27,13-14; 31,24; Проп; 5,9-10; Мт 6,19-20.24; 1 Тим 6,17Еднаш Бог рече, а двапати јас го чув тоа дека силата е во Бога, 12#Јов 40,5дека во Тебе, Господи, е силата Божја и дека во Тебе има милост, зашто Ти му плаќаш на секого според делата негови.
Селектирано:
Псалми 62: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: