Псалми 80
80
ПСАЛМ 80
Молитва за Господ да го одржи народот израелски
1 #
45,1
Пастиру Израелов, послушај! Ти, Кој го водиш Јосиф како стадо, Кој седиш на херувимите, заблескај! 2#18,10; 2 Мојс 25,18; 1 Сам 4,4; Ез 34,11Пред Ефрем, Венијамин и Манасија издигни ја силата Своја и дојди да нѐ спасиш. 3Боже, поврати нѐ; нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме! 4#4,6; 67,1; 4 Мојс 6,25; Дан 9,17Господи, Боже на силите, до кога ќе бидеш гневен на молитвата од слугите Твои? 5#44,23; 74,1Ќе ги храниш ли со леб од солзи, и напојуваш со солзи изобилно? 6#42,3Нѐ направи показ за кавги меѓу нашите соседи, и нашите непријатели ни се смеат. 7#79,4Господи, Боже на силите, поврати нѐ! Нека светне лицето Твое, и ние ќе се спасиме! 8Ти ја пренесе од Египет лозата, ги изгони народите и ја посади; 9#Ис 5,1-7; 27,2-5; Ер 2,21; 12,9; Ос 10,1; Мт; 21,33-41; Јн 15,1-6исчисти за неа место, и ги зацврсти корењата нејзини, и таа ја исполни земјата. 10Горите се покрија од сенката нејзина, и гранките ѝ се како кедрови моќни; 11таа пушти гранки до морето и ластари до реката. 12Зошто ја сруши нејзината ограда, па да ја берат сите, што минуваат по патот? 13#Ер 12,7-13Горскиот вепар ја подгризува, и полската ѕверка ја јаде. 14Боже на силите! Сврти се, погледај од небесата и види го и посети го ова лозје; 15и утврди го она што го посади десницата Твоја; погледај и на синот, што си го одгледал за Себе. 16Тоа е со оган обгорено и раскопано; од страв пред Твоето лице нека пропаднат! 17Твојата десница нека биде над човекот на Твојата десница, синот, кого си го одгледал за Себе. 18А ние нема да отстапиме од Тебе; оживеј нѐ, и ние ќе го призиваме Твоето име. 19Господи, Боже на силите, поврати нѐ; нека свети лицето Твое, и ние ќе се спасиме!
Селектирано:
Псалми 80: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: