Откровение 18
18
Падот на Вавилон
1 #
Ез 43,2
А по ова видов како слегува од небото друг ангел кој имаше голема власт: и земјата светна од неговиот болскот. 2#14,8; Ис 13,21; 21,9; Ер 50,39И извика силно, зборувајќи со висок глас: „Падна, падна великиот Вавилон, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врталиште на сите нечисти и гадни птици; 3#14,8; 17,2зашто со отровното вино на своето блудство ги напои сите народи. И царевите земни блудствуваа со неа, а трговците земни се збогатија од нејзината голема раскош!“ 4#Ис 48,20; 52,11; Ер 50,8; 51,6.9.45; 2 Кор 6,17И чув друг глас од небото како вели: „Излезете од неа, луѓе Мои, за да не соучествувате во гревовите нејзини, и да не добиете од казните нејзини; 5#1 Мојс 18,20-21; Ер 51,9бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото, и Бог си спомна за неправдите нејзини. 6#Пс 137,8; 2 Сол 1,6Платете ѝ како што и таа ви плати вам и дајте ѝ двојно онолку за делата нејзини; со чашата, со која ве служеше, послужете ја двојно. 7#Ис 47,7-9Колку што се прослави и живееше раскошно, толку мака и јад вратете ѝ. Зашто во срцето свое вели: ‚Седам како царица, вдовица не сум и мака нема да видам.‘ 8#17,16; Ер 50,34Затоа во еден ден ќе ја сполетаат казните; смрт, жалост и глад, и ќе биде изгорена во оган, зашто силен е Господ Кој ја суди. 9#Ез 27,30-35И ќе заплачат и ќе заридаат по неа царевите земни, кои блудствуваа со неа и живееја раскошно, кога ќе го видат димот од горењето нејзино; 10и стоејќи оддалеку, од страв пред нејзините маки ќе велат: ‚Тешко, тешко, голем граде Вавилоне, граде силни, зашто во еден час дојде пресудата твоја!‘ 11#Ез 27,36И трговците земни ќе плачат и ридаат за неа, бидејќи стоките нивни нема веќе никој да ги купува; 12стоки од злато и сребро, од драгоцени камења и бисери, од висон и порфир, од свила и скерлет, секакво миризливо дрво и секакви работи од слонова коска: секакви изработки од скапоцено дрво, од бакар, железо и мермер; 13и цимет и темјан, миро и ливан, вино и масло, брашно и пченица, говеда и овци, коњи и коли, тела и души човечки. 14И овошјата, за кои душата ти копнееше, повеќе ги немаш, и сето богатство и сјај исчезнаа за тебе, и нема веќе да ги најдеш. 15#Ез 27,36Трговците, кои со тие стоки се збогатија од неа, ќе стојат оддалеку од страв пред маките нејзини, и плачејќи, и ридајќи 16#17,4ќе зборуваат: ‚Тешко, тешко тебе, граде голем, облечен во свила, порфир и скерлет, украсен со злато, драгоцени камења и бисери, 17#Ис 23,14; Ез 27,27-29зашто во еден миг пропадна толку големо богатство!‘ И сите сопственици на кораби, и сите патници во корабите, и морнарите, и оние што тргуваат по море, застанаа оддалеку 18#13,4; Ез 27,32и викаа, па гледајќи го димот од горењето негово, велеа: ‚Кој беше како овој голем град?‘ 19#Ез 27,30-34И ги посипаа главите свои со пепел и со плачење викаа и велеа: ‚Тешко, тешко тебе, граде голем со чии скапоцености се обогатија сите што имаа кораби по море; зашто за еден миг запусте!‘ 20#12,12; 5 Мојс 32,43; Ис 44,23; Ер 51,48Весели се поради тоа, небо, и вие светии и апостоли и пророци, зашто Бог ги заштити вашите права! 21#Ер 51,63-64; Ез 26,21Тогаш еден силен ангел подигна еден камен, голем како воденички камен, па го фрли во морето и рече: ‚Со такво бучење ќе биде сринат Вавилон, големиот град, и ќе го нема веќе!‘ 22#Ис 24,8; Ез 26,13И глас на харфисти, пејачи, свирачи и трубачи во тебе нема веќе да се чуе; никаков уметник од која и да е уметност нема веќе да се најде во тебе, шум од воденичен камен нема веќе да се чуе во тебе. 23#Ис 23,8; Ер 7,34; 25,10И светлина од светила нема веќе да осветлува во тебе, и глас на младоженец и невеста нема веќе да се чуе во тебе, бидејќи трговците твои беа големи луѓе на земјата, зашто преку твоите магии се заблудија сите народи. 24#Ер 51,49; Мт 23,35-37И во него се најде крв на пророци и светии, а и на сите што беа погубени на земјата.“
Селектирано:
Откровение 18: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006