Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 22

22
Реката и дрвото на животот
1 # Ез 47,1; Зах 14,8; Јн 4,10; 7,38 И ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како крис­тал, која истечуваше од престолот на Бога и на Јагнето. 2#2,7; 1 Мојс 2,9; 3,22; Ез 47,12Сред главната улица и од двете стр­ани на реката – дрвото на животот, што раѓа плодови дванаесет пати, давајќи плод секој месец; а лисјата на дрвото служат за исцелување на народите. 3#1 Мојс 3,22-24; Зах 14,11И нема веќе да има никакво прок­летство; престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во градот; Неговите слуги ќе Му служат 4#3,12; Пс 17,15; 42,3; Мт 5,8; 1 Кор 13,12; 1 Јн 3,2и ќе го гледаат лицето Негово, а името Негово ќе им биде на челата нив­ни. 5#5,10; 20,6; 21,23.25; Ис 60,19И ноќ нема да има таму, и не ќе има потреба од светило, ниту од сончева светлина, бидејќи Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе царува во вечни векови.
Исусовото враќање
6 # 1,1; 19,9; Дан 8,26 И ми рече: „Овие зборови се верни и вистинити. Господ, Бог на светите пророци, го испрати ангелот Свој, за да им покаже на Своите слуги што ќе стане наскоро. 7#1,3; 2,16‚Еве, доаѓам скоро; блажен е оној кој ги пази пророчките зборови на оваа книга!‘“ 8#19,10И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. 9Но тој ми рече: „Стој, немој, зашто и јас сум слуга како ти, и браќата твои – пророци и оние што ги држат збо­ро­ви­те на оваа книга. Поклони Му се на Бо­га!“ 10#1,3; 10,4И ми рече: „Не запечатувај ги про­рочките зборови на оваа книга, бидејќи времето е блиску! 11#Дан 12,10Кој чини неправда, нека чини не­правда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште. 12#2,16.23; Ис 40,10; 62,11; Ер 17,10; Пс 28,4; 62,12; Изреки 24,12; Рим 2,6; 2 Кор 11,15; 2 Тим 4,14И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови. 13#1,8.17; 21,6; Ис 41,4; 44,6Јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Крајот! 14#1,3; 2,7; 7,14; 22,2; 1 Мојс 2,9; 3,22Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите. 15#21,8; 4 Мојс 5,1-4; Рим 1,29; 1 Кор 6,9-10А надвор се кучињата, вражачите, блудниците, убијците, идолопокло­ни­ците и секој што сака да лаже и лаже. 16#2,28; 4 Мојс 24,17; Ис 11,1; Рим 1,3Јас, Исус, го испратив Својот ангел да ви го посведочи ова по црквите. Јас сум корен и род Давидов, сјајната ѕвезда Деница.“ 17#21,6; Ис 55,1; Јн 7,37И Духот и невестата велат: „Дојди!“ И кој ќе чуе, нека каже: „Дојди!“ И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека зе­ме од водата на животот дарум.
Заклучок
18 # 5 Мојс 4,2 И Јас му сведочам на секого кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој нешто додаде кон нив, нему Бог ќе му наметне казни опишани во оваа книга. 19#22,2.14; 1 Мојс 2,9; 3,22; Ез 47,12Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му го од­земе делот од книгата на животот, и од светиот град, и од она што е напишано во оваа книга. 20#2,16; 3,11; Дела 3,20-21; 1 Кор 15,23Зборува оној што го сведочи ова: „Да, ќе дојдам скоро!“ – Амин! „Да, дој­ди, Господи Исусе!“ 21Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!

Селектирано:

Откровение 22: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се