Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 4:1-11

Откровение 4:1-11 MK2006

Потоа погледав, и ете, отворена врата на небото, и поранешниот глас, што го бев чул како од труба, кој зборуваше со мене, рече: „Искачи се ов­де и ќе ти покажам што треба да стане потоа!“ И веднаш бев обземен од духот. И ете, на небото стоеше престол, и на престолот седеше Некој. Оној што седеше изгледаше како ка­мен јаспис и сардис, а околу престолот виножито, кое прилегаше на смарагд. Околу престолот, пак, имаше дваесет и четири престоли; и на престолите видов седнати дваесет и четири ста­ре­шини, облечени во бели алишта, а на главите светкавици, громови и гласови; имаа златни венци. И од престолот излегуваа молњи, громови и гласови, а пред престолот го­реа седум огнени светила, кои се се­дум­те Божји духови; пред престолот, пак, имаше стакле­но море, слично на кристал; а сред престолот и околу престолот – четири животни, однапред и одназад полни со очи: првото животно прилегаше на лав, второто – на теле, третото животно имаше лице како на човек, а четвртото личеше на орел во лет. Четирите животни имаа по шест крилја околу себе, а однатре беа полни со очи, и без прекин дење и ноќе воскликнуваа: „Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе дојде!“ А кога животните Му оддаваа слава, чест и благодарност на Седнатиот на престолот, на Живиот во сите векови, дваесет и четирите старешини па­ѓаа пред Седнатиот на престолот, Му се поклонуваа на Живиот во сите векови и ги полагаа своите венци пред прес­то­лот, велејќи: „Достоен си, Господи, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и според Твојата волја постои сѐ и е создадено!“