Песна над песните 2
2
1 #
Ис.Н. 12,18; Ис 33,9; 35,1-2 Возљубената: Јас сум цвет во рамнината шаронска, крин цвеќе во долина! 2#1 Цар 7,19; Ос 14,6; Мт 6,28Возљубениот: Она што е кринот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу момите. 3#5,16; 7,10; Јоил 1,12Возљубената: Она што е јаболкницата меѓу шумските дрвја, тоа е мојот возљубен меѓу момците. Во сенката нејзина сакам да седам; плодовите нејзини се слатки за грлото мое. 4#5,10; 6,4-10Тој ме воведе во куќата за гозба, и знамето негово над мене беше љубов. 5#Ис 16,7; Ер 7,18; 44,19; 5,8Поткрепете ме со слатки од грозје, освежете ме со јаболка, зашто сум болна од љубов. 6#8,3Левата рака негова ми е под главата, а со десната ме прегрнува. 7#3,5; 8,4; 5,8-9Возљубениот: Ве заколнувам ќерки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја разбудувате и да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.
Тој доаѓа
8 #
5,2
Возљубената: Гласот на мојот возљубен! Еве го: доаѓа, скока преку горите, прескокнува преку ридовите. 9Мојот возљубен прилега на срна, на млад елен. Ете, стои зад ѕидот наш, погледнува низ прозорецот, ѕирка низ решетката. 10#7,12Мојот возљубен се огласи и ми рече: „Стани, мила моја, убавице моја, дојди! 11Еве, зимата веќе мина, дождот го снема, престана веќе, 12цвеќиња се појавија по земјата; настана време за песни, и гласот на гугутката се слуша во земјата наша; 13#1,12; 7,14смоквите ги отворија пупките свои, и расцутените лози пријатно мирисаат. Стани, мила моја, убавице моја, и дојди! 14Гулабице моја во карпест пролом, под камено засолниште, покажи ми го лицето свое, дај ми да го чујам гласот твој, зашто гласот ти е пријатен, и лицето ти е прекрасно. 15#Ез 13,4; Неем 3,35; Лк 13,32Фатете ни ги лисиците, лисичињата, зашто тие ги пустошат лозјата, а лозјата ни цутат.“ 16#6,3; 7,11; Ос 2,4-25Мојот возљубен е мој, јас, пак, сум – негова; тој го пасе стадото меѓу кринови. 17#4,6; 8,14Во ладовините на вечерта кога сенките ги снемува, врати се, мил мој, и биди како срна или како млад елен, по планините разделени.
Селектирано:
Песна над песните 2: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: