Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Песна над песните 6

6
1 # 3,1 Хорот: Каде отиде твојот возљубен, о, најубава меѓу жените? Каде отиде твојот возљубен? Ние ќе го побараме со тебе. 2#4,12-16; 5,13Возљубената: Мојот возљубен отиде во градината своја, во ароматните цветници, за да пасе во градината и да бере кринови. 3#2,16Јас му припаѓам на мојот воз­љубен, а мојот возљубен мене; тој пасе меѓу криновите.
Ликот на љубената
4 # 6,10 Возљубениот: Убава си, мила моја, како Тирца, привлечна како Еруса­лим, страшна како војска со знамиња. 5#4,9; 4,1Тргни ги очите од мене, зашто ме збунуваат. Косата ти е како стадо кози, кога слегуваат од Галаад; 6#4,2забите ти се како стадо овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја е со по две јагниња, и јалова меѓу нив нема, 7#4,3твоите образи под превезот твој се како две половинки од калинка. 8#Проп 2,8Има шеесет царици, осумдесет наложници и безброј девојки, 9#Изреки 4,3но единствена е таа, гулабицата мо­ја, совршената моја; единствена е таа на мајка си, избрана кај родител­ката своја. Ја видоа девојките, и ја возвеличија, ја видоа цариците и наложниците, и ја пофалија. 10#3,6; Ис 14,12; Откр 12,1Хорот: „Која е таа, што болска како зора, убава како месечина, светла како сонце, страшна како војска со знамиња?“ 11#7,13Слегов во ореовата градина да погледнам зелена долина, да видам дали се развила лозата, дали процутеле калинките. 12Веќе не се препознавам самата себеси; по тебе памет губам, јас, девојката од благороден сој.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се