Захарија 14
14
Конечната битка и Божјата победа
1 #
Ис 39,6
Ете, доаѓа денот Господов кога ќе го разделат ограбеното од тебе среде тебе. 2#12,3; 13,8; Ис 13,16; Ез 38,9; Јоил 4,2.12; Мих 4,11; Ис 31,4Ќе ги соберам сите народи во војна против Ерусалим; градот ќе биде преземен, и домовите разграбени; жените ќе бидат обесчестени, половината од градот ќе отиде во ропство; но останатиот народ нема да биде истребен од градот. 3Тогаш ќе излезе Господ и ќе се сврти против тие народи, како што војува во борбен ден. 4#Ез 11,23; Мих 1,4И ќе застанат нозете Негови на Маслиновата Гора во оној ден, што се наоѓа спроти Ерусалим од источната страна: и ќе се расцепи Маслиновата Гора од исток кон запад со многу голема долина и половината ќе се помести кон север, а втората половина – кон југ. 5#5 Мојс 33,2-3.5; Амос 1,1; 1 Сол 3,13И вие ќе побегнете во долината на Мојата гора, зашто планинската долина ќе се протега до Ацал; а ќе побегнете како што бегавте од земјотресот во деновите на Озија, царот Јудејски; и ќе дојде Господ, мојот Бог, и сите светии со Него. 6Во тој ден нема да има светила, светилата ќе бидат премавнати. 7#Мт 24,36; Мк 13,32; Откр 21,23; 22,5Тој ден ќе биде чуден, познат само на Господ; ниту ден, ниту ноќ – и ноќе ќе биде виделина. 8#Јоил 4,18; Откр; 22,1-2Во тој ден ќе потечат живи води од Ерусалим, половина кон источното море, а половина кон западното море; така ќе биде и лете и зиме. 9#5 Мојс 6,4; 33,26; Ис 54,5; Пс 47,7; Откр 11,15И Господ ќе биде Цар над целата земја; во тој ден Господ ќе биде единствен и името Негово – едно единствено. 10#12,6; Ер 31,38Целата таа земја ќе се претвори во рамнина од Гева до Римон, јужно од Ерусалим, кој ќе се извиши на местото свое и ќе се насели од Портите Венијаминови до местото на Првите Порти, до Аголните Порти, и од кулата на Хананел до царските визби. 11#5 Мојс 33,28; Ер 31,40; 33,16; Откр 22,3И ќе се населат во него, и проклетство нема да има повеќе, а Ерусалим ќе живее во мир. 12#12,9; Ис 66,24А еве какво ќе биде поразувањето, со кое Господ ќе ги порази сите народи, кои војувале против Ерусалим – месото ќе им се распаѓа уште додека стојат на нозете свои, и очите ќе им скапуваат во длабнатините, и јазикот ќе им изгние во устата нивна. 13#Суд 7,22; Ез 38,21И во тој ден ќе завладее голем смут од Господ, така што еден друг ќе се фаќаат за раката своја и секој ќе ја подига раката своја против раката на ближниот свој. 14#Ез 39,10Дури и Јуда ќе војува во Ерусалим, и богатството на сите околни народи ќе биде собрано: злато, сребро и облеки во голем број. 15Таков пораз ќе има и врз коњите и маските, камилите и магарињата, и врз секаков добиток, што ќе се наоѓа во логорите нивни. 16#8,22; 3 Мојс 23,34; Ис 2,3А потоа сите што ќе преживеат, од оние кои војувале против Ерусалим, од сите народи, ќе доаѓаат од година во година, за да се поклонат на Царот, на Господ Саваот, и да го празнуваат празникот Сеници. 17#2 Мојс 23,14И, ако некое од племињата земни не појде во Ерусалим, за да Му се поклони на Царот, на Господ Саваот, дожд нема да падне кај нив. 18И, ако племето египетско не тргне на пат и не дојде тука, и него ќе го постигне пораз, со каков што ги порази Господ оние народи, што не доаѓале да го празнуваат празникот Сеници. 19Таква ќе биде казната за Египет и на сите народи, кои нема да дојдат да го празнуваат празникот Сеници. 20#2 Мојс 28,36Во тоа време дури на уздите од коњите ќе биде забележано „Посветен на Господ“, и котлите во домот Господов ќе бидат како жртвените садови пред жртвеникот. 21#Јн 2,16И сите котли во Ерусалим и во Јудеја ќе бидат посветени на Господ Саваот, и ќе доаѓаат сите што принесуваат жртва, ќе ги земат и ќе варат во нив, и нема повеќе да има ниту еден трговец во домот на Господ Саваот во тој ден.
Селектирано:
Захарија 14: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: