Захарија 3
3
Четврто видение: Исус и сатаната
1 #
Пс 109,6; Јов 1,6; 1 Лет 21,1; Мк 1,13; Откр 12,10 Потоа ми го покажа тој Исус, великиот свештеник, кој стоеше пред ангелот Господов, и сатаната, кој стоеше од Неговата десна страна, за да го обвинува. 2#Ис 7,4; Амос 4,11; Јуда 1,9И му рече Господ на сатаната: „Господ да те укори сатано, Господ да те укори, Оној Кој го избра Ерусалим. Зар не е Тој гламја истргната од оган?“ 3А Исус беше облечен во извалкана облека и стоеше пред ангелот, 4#Ис 6,7; Ер 31,34; Ез 36,33; Лк 15,22; Откр 19,8кој им одговараше и на оние што стоеја пред него, и им рече: „Соблечете ја од него извалканата облека“; и нему лично: „Ете, ја отфрлив од тебе вината твоја и те облекувам во свечена облека.“ 5#3 Мојс 8,9; Ис 3,23Потоа рече: „Ставете Му на главата чист повој“, и Му ставија на главата чист повој и го облекоа во свечена облека. А ангелот Господов стоеше. 6И ангелот Господов, уверливо, му рече на Исус: 7#1 Цар 2,4; 9,4; Мал 2,7„Вака вели Господ Саваот: Ако одиш по патиштата Мои и се придржуваш кон Моите уредби, ќе владееш со Мојот дом и ќе ги вардиш дворовите Мои. И Јас ќе ти дозволам да одиш меѓу тие луѓе што стојат овде.“ 8#6,12; Ис 4,2; 8,18; Ер 23,5„Но, послушај, Исусе, велик свештениче, ти и браќата твои, што се пред твоето лице, зашто тие луѓе се познати. Еве, Јас ќе го доведам Својот слуга – Зачетникот. 9#4,10; Откр 5,6Зашто, ете, тој е каменот што го поставувам пред Исус; на тој единствен камен има седум очи; ете, Јас ќе врежам натпис, вели Господ Саваот, и ќе го простам гревот на оваа земја во еден ден.“ 10#1 Цар 5,5; Мих 4,4„Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе се поканувате еден со друг под лозата и под смоквата.“
Селектирано:
Захарија 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: