Захарија 8
8
Божјо ветување за Сион
1И пак дојде слово од Господ Саваот: 2#1,14; Јоил 2,18вака вели Господ Саваот: „Љубоморен сум за Ерусалим и за Сион со голема ревност и со голем гнев горам за него.“ 3#Ис 1,26; 60,14; Ер 33,16; Пс 2,6Така вели Господ: „Ќе се вратам во Сион и ќе живеам во Ерусалим, и Ерусалим ќе се вика град на верноста, и гората на Господ Саваот ќе се вика – Света Гора.“ 4#5 Мојс 4,40; Ис 65,20; Пс 91,16Така вели Господ Саваот – „И пак старци и старици ќе седат по улиците на Ерусалим, секој со стапчето свое поради големата старост своја. 5#Мт 11,16А и улиците на тој град ќе се исполнат со момчиња и девојки, кои ќе си играат по улиците негови.“ 6#1 Мојс 18,14; Ер 32,17.27; Лк 1,37Вака вели Господ Саваот: „Ако во очите на другите им биде чудно во тие дни, зар ќе биде тоа чудно и во очите Мои?“ – вели Господ Саваот. 7#Ис 43,5Вака вели Господ Саваот: „Ете, Јас ќе го спасам Својот народ од источната земја и од западната; 8#13,9; 1 Цар 8,34; Ер 31,31; Ос 2,25; Пс 14,7; Неем 1,9ќе ги доведам, и тие ќе живеат во Ерусалим и ќе бидат Мој народ, и Јас ќе им бидам нивни Бог, во верност и во правда.“ 9#Суд 7,11; Агеј 1,15Така вели Господ Саваот: „Поткрепете ги сега рацете свои вие, што ги слушавте овие зборови од устата на пророците, кои беа при основањето на домот за Господ Саваот, за да се изгради храмот. 10#Агеј 2,15Зашто пред оние дни немаше ни плата за човек ниту награда за трудот на животното; немаше спокојство од непријателите ни за оној што доаѓаше, ниту за оној што си одеше; и дозволував Јас секој човек да му е непријател на друг човек. 11#Ис 4,3А сега за остатокот од овој народ Јас нема да сум таков како во поранешните денови“ – вели Господ Саваот. 12#Ер 3,18; 12,14; Ос 2,23.24; Пс 85,12Зашто сеидбата ќе се врши во мир, лозата ќе го даде својот плод, земјата ќе го даде својот род, а и небесата ќе ја даваат својата роса; и сето тоа ќе го предадам на остатокот од овој народ. 13#1 Мојс 12,3; Ис 19,24; Пс 72,17И како што вие, доме Јудин и доме Израелов, бевте проколнати меѓу народите, така ќе ве избавам, и вие ќе бидете благословени; не плашете се, рацете ваши нека се поткрепат! 14#Ер 4,28; 32,42Зашто така вели Господ Саваот: „Како што бев определил да ве казнам, кога татковците ваши Ме разгневија – вели Господ Саваот – и не зажалив, 15#Ер 18,8; Јоил 2,13; Амос 7,3; Јона 4,2така пак определив во овие дни на Ерусалим да му направам добро и на домот Јудин; не плашете се! 16#Амос 5,10; Мт 5,9; Ефес 4,25Еве ги наредбите што треба вие да ги извршувате: зборувајте вистина еден на друг; праведно и мирољубово судете пред градските порти. 17#7,10; 1 Кор 13,5Никој од вас да не му мисли зло на ближниот свој, и не посакувајте лажна клетва, зашто сето тоа Јас го мразам“ – говори Господ.
Време на прославување
18И дојде слово до мене од Господ Саваот: 19#2 Цар 25,3; Ис 35,10; Ер 31,13; Пс 90,15; Мт 9,14-15; Јн 16,20Вака вели Господ Саваот: „Постот во четвртиот месец, постот во петтиот, постот во седмиот и постот во десеттиот месец за домот Јудин ќе бидат радост и голема веселба, само сакајте ги вистината и мирот.“ 20Така вели Господ Саваот: „Уште ќе доаѓаат народи и жители од многу градови, 21#Пс 9,10и ќе дојдат жителите од еден град кај жителите во друг град, – па ќе речат: да дојдеме да се помолиме пред лицето на Господ и да Го побараме Господ Саваот; тогаш секој ќе рече – ќе појдам и јас. 22#Ис 2,3; Мих 4,1-3И ќе доаѓаат многу племиња и народи силни, за да Го бараат Господ Саваот во Ерусалим и да се помолат пред лицето на Господ.“ 23#Ис 7,14; Ест 2,5; 3,6.10; Неем 1,2; 1 Кор 14,25Така вели Господ Саваот: „Во тие дни ќе се фаќаат по десет души од разни народи за полата од Јудеец и ќе речат – ќе појдеме со тебе, зашто чувме дека Бог е со вас.“
Селектирано:
Захарија 8: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: