Јован 10
10
За добриот Пастир и Неговото стадо.
1Вистина, вистина ви велам: кој не влегува низ вратата во овчото трло, а прескокнува од другата страна, крадец е и разбојник;
2а кој влегува низ вратата, пастир е на овците;
3нему вратарот му отвора и овците го слушаат гласот негов, и тој ги вика своите овци по име; и ги изведува.
4И кога ќе ги изведе овците свои, оди пред нив, и овците одат по него, бидејќи му го познаваат гласот негов;
5а по туѓ човек не одат, туку бегаат од него, оти гласот на туѓиот не го познаваат.
6Оваа парабола им ја кажа Исус, но тие не разбраа што сакаше да им каже со неа.
7Тогаш Исус пак им рече: »Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата на овците.
8Сите, колку што дојдоа пред Мене, крадци се и разбојници; но овците не ги послушаа.
9Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде.
10Крадецот доаѓа само да украде, да убие и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот вечен и да имаат изобилие.
11Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир си ја полага душата своја за овците;
12а наемникот, кој не е пастир, и кому овците не се негови, види ли волк да иде, ги остава овците и бега; и волкот ги разграбува и ги распрснува овците.
13Наемникот бега, зашто е наемник, и не се грижи за овците.
14Јас сум добриот Пастир: и ги знам Моите, и Моите Ме знаат Мене.
15Како Мене што Ме познава Отецот, така и Јас Го познавам Отецот; и душата Своја ја полагам за овците Свои.
16И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат гласот Мој и ќе биде едно стадо и еден пастир.
17Затоа Ме љуби Отецот, зашто Јас душата Своја си ја полагам за да ја примам пак.
18Никој не Ми ја отима, туку Јас Сам од Себе ја давам. Имам власт да ја дадам и власт имам да ја примам. Оваа заповед ја примив од Својот Отец.«
19И пак настана расправија меѓу Јудејците заради овие зборови.
20Мнозина од нив велеа: »Бес има и не е при Себе. Зошто Го слушате?«
21Други велеа: »Ова не се зборови на луд човек; може ли луд човек на слеп да му отвори очи?«
22А беше тогаш во Ерусалим празникот Обновение и беше зима.
23И одеше Исус во храмот, по тремот Соломонов.
24А Јудејците Го опколија и Му рекоа: »До кога ќе ги мачиш нашите души? Ако си Ти Христос, кажи ни отворено!«
25Исус им одговори: »Ви реков, и не верувате. Делата што ги вршам Јас во името на Мојот Отец, тие сведочат за Мене.
26Но вие не верувате, оти не сте од Моите овци, како што ви реков.
27Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене,
28и Јас ќе им дадам живот вечен; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги отме од раката Моја.
29Мојот Отец, што Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец.
30Јас и Отецот едно сме.«
31А Јудејците пак зедоа камења да Го убијат.
32Исус им одговори: »Многу добри дела ви јавив од Мојот Отец; за кое од тие дела фрлате камења на Мене?«
33Му одговорија Јудејците, велејќи: »За добро дело камења не фрламе на Тебе, туку за хулење, оти Ти, бидејќи човек, се правиш Бог.«
34Исус им одговори: »Не е ли напишано во вашиот Закон: ‚Јас реков: богови сте?‘
35Ако Он ги нарече богови оние, кон кои беше упатено словото Божјо, и не можеше да се урне Писмото,
36а на Оној ли, Кого Го освети Отецот и Го прати во светот, вие велите: ‚Хулиш на Бога‘ дека реков: ‚Јас сум Син Божји?‘
37Ако не ги вршам делата на Мојот Отец, не верувајте Ми;
38а ако, пак, ги вршам, макар што Мене не Ми верувате, на делата Мои поверувајте, за да разберете и поверувате дека Отецот е во Мене и Јас сум во Него.«
39Сакаа пак да Го фатат, но Он им се истргна од рацете нивни,
40и пак отиде отаде Јордан, на она место, каде што Јован крштаваше, и остана таму.
41Мнозина дојдоа при Него и говореа: »Јован не направи ниедно чудо, но сѐ што рече Јован за Него, беше вистина.«
42И мнозина таму поверуваа во Него.
Селектирано:
Јован 10: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: