Лука 18
18
Парабола за молбата на вдовицата и за молитвата на фарисејот и митникот. Исус ги повикува децата кон Себе. Опасноста од богатството. Третото пророкување за страдањата. Исцеление за слепиот.
1Им кажа и парабола за тоа, оти секогаш треба да се молат да не паѓаат со духот.
2И рече: »Во еден град имаше судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше.
3Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ‚Заштити ме од мојот противник!‘
4Но тој за долго време нејќеше. Најпосле си рече во себе: ‚Иако од Бога не се бојам и од луѓето не се срамувам,
5но, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа веќе и да не ми додева.‘«
6И рече Господ: »Чујте што зборува несправедливиот судија!
7Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави?
8Ви велам, ќе ги заштити набргу. Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?«
9А на оние, што беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола:
10»Два човека влегоа во храм да се помолат; едниот фарисеј, а другиот митник.
11Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: ‚Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци, или како овој митник.
12Постам двапати во седмицата, давам десеток од сѐ што придобивам.‘
13А митникот стоеше оддалеку; не смееше дури и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: ‚Боже, биди милостив спрема мене грешниот!‘
14Ви велам: дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој што се воздига, ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат.«
15При Него донесуваа и младенци, за да се допре до нив; а учениците, штом ќе видеа, им забрануваа.
16Но Исус, кога ги повика, им рече: »Оставете ги децата да доаѓаат при Мене, и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо!
17Вистина ви велам: кој не го прими царството Божјо како дете, нема да влезе во него.«
18И Го праша еден управник, велејќи: »Учителе добар, што да направам за да наследам живот вечен?«
19А Исус му рече: »Зошто ме наречуваш добар? Никој не е добар, освен еден Бог.
20Ги знаеш заповедите: не прељубодејствувај, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татка си и мајка си.«
21А тој рече: »Сето тоа сум го запазил од младоста своја.«
22Штом го чу тоа, Исус му рече: »Уште едно не ти достига: продај сѐ што имаш и раздај го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; потоа дојди и врви по Мене!«
23А тој, кога го чу тоа, се нажали, оти беше многу богат.
24Штом виде дека тој многу се разжалости, Исус рече: »Колку е тешко во царството Божјо да влезат оние што имаат богатство?
25Полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.«
26Оние, што го чуја тоа, рекоа: »Тогаш, кој може да се спаси?«
27А Он одговори: »Неможното за луѓето е можно за Бога.«
28Петар, пак, рече: »Ете, ние оставивме сѐ и врвиме по Тебе.«
29Он им рече: »Вистина ви велам, дека нема ниеден, што оставил куќа или родители, или браќа, или сестри, или жена, или деца, заради царството Божјо,
30а да не добил многу повеќе, од тоа уште сега, во ова време, а во идниот век – и живот вечен.«
31И кога ги зеде со Себе дванаесетте, им рече: »Еве, одиме кон Ерусалим и сѐ ќе се исполни, што напишале пророците за Синот Човечки:
32дека ќе Го предадат на незнабошци и ќе се потсмеваат со Него, ќе Го оскрбат и ќе Го плукаат,
33ќе Го бичуваат и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.«
34Но тие ништо од ова не разбраа; овие зборови за нив беа сокриени и тие не разбраа што им кажа.
35А кога се приближуваше Он до Ерихон, еден слепец седеше крај патот и просеше;
36и штом чу дека покрај него врви народ, праша: »Што е тоа?«
37Му кажаа дека минува Исус Назареецот.
38Тогаш тој извика и рече: »Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!«
39Оние, што одеа напред, го искараа да молчи; но тој уште погласно викаше: »Сине Давидов, помилуј ме!«
40Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога оној се приближи до Него, го праша,
41велејќи: »Што сакаш да ти направам?« Тој рече: »Господи, да прогледам!«
42Тогаш Исус му рече: »Прогледај! Верата твоја те спаси.«
43И одеднаш прогледа и тргна по Него, славејќи Го Бога. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога.
Селектирано:
Лука 18: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: