Лука 2
2
Христовото раѓање, обрезание и донесување во храм. Симеон и Ана. Дванаесетгодишниот Исус во храмот. Неговото детинство во Назарет.
1Во тие дни излезе заповед од ќесарот Август за попис на сите жители.
2Тоа беше прв попис за управувањето на Квириниј во Сирија.
3И отидоа сите да се запишат, секој во својот град.
4Отиде и Јосиф од Галилеја, од градот Назарет, во Јудеја, во градот Давидов, наречен Витлеем, бидејќи беше од домот и племето Давидово,
5за да се запише со Марија, свршената за него жена, која не беше празна.
6А кога беа таму, нејзе ѝ дојде времето да роди.
7Го роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, оти за нив немаше место во гостилница.
8Имаше пастири во тој крај, кои ноќеваа таму и го чуваа своето стадо.
9И одеднаш се јави ангел Господов меѓу нив и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу.
10А ангелот им рече: »Не бојте се! Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе;
11зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ;
12и еве ви знак: ќе најдете повиен Младенец, како лежи во јасли.«
13И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи:
14Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!
15Кога си отидоа ангелите од нив на небо, пастирите си рекоа помеѓу себе: »Да отидеме во Витлеем и да видиме што станало таму, за кое ни соопшти Господ.«
16И дојдоа брзо и ги најдоа Марија и Јосифа, и Младенецот како лежи во јасли.
17А штом видоа, кажаа сѐ што им беше речено за Тоа Дете.
18И сите, што чуја, се восхитуваа на сето она што им расправаа пастирите.
19А Марија ги пазеше сите тие зборови, слагајќи ги во срцето свое.
20И се вратија пастирите, славејќи Го и фалејќи Бог за сѐ она што чуја и видоа, како што им беше речено.
21А кога се навршија осум дена, за да биде обрезан Младенецот, Му кладоа име Исус, известено од ангелот уште пред да биде зачнат во утробата.
22И кога се навршија деновите на нејзиното очистување, според законот на Мојсеја, Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господа,
23како што е напишано во Законот Господов, дека секое машко дете, кое прво ќе ја отвори утробата, да се посвети на Господа;
24и да се принесе жртва, како што е речено во Законот Господов, две грлици или две гулапчиња.
25А во Ерусалим живееше тогаш еден човек по име Симеон; и тој човек беше праведен и благочестив; и ја очекуваше утехата Израилева; и Светиот Дух беше во него.
26Нему Светиот Дух му беше прорекол оти нема да види смрт, дури не Го види Христа Господов.
27И дојде по вдахновение во храмот. Па, кога родителите Го донесоа Младенецот Исуса за да го извршат над Него обичајот, според Законот,
28тој Го зеде во своите раце, Му благодари на Бога и рече:
29»Сега го отпушташ Својот слуга со мир, Владико, според зборовите Твои;
30зашто очите мои го видоа спасението Твое,
31што си го приготвил пред лицето на сите народи:
32светлина за просвета на незнабошците и слава на Твојот народ, Израилот.«
33А Јосиф и мајка Му се чудеа на она што се зборуваше за Него.
34Па ги благослови Симеон и ѝ рече на Марија, мајката Негова: »Еве, Овој лежи за паѓање и подигање на мнозина во Израилот,
35А и на тебе самата меч ќе ти ја прободе душата за да се откријат мислите на многу срца.«
36Таму беше и пророчицата Ана, ќерката Фануилова, од Асировото колено; и беше многу остарела, а со мажот проживеала само седум години, по моминството свое.
37Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години и не се отстрануваше од храмот, служејќи Му на Бога со пост и молитва, дење и ноќе.
38Во тој час пристапи и таа, и почна да Го слави Господа и им прикажуваше за Него на сите, што чекаа спасение во Ерусалим.
39И кога извршија сѐ по Законот Господов, се вратија во Галилеја, во градот свој Назарет.
40А Младенецот растеше и крепнеше со духот, исполнувајќи се со премудрост; и благодатта Божја беше врз Него.
41И секоја година родителите Негови одеа во Ерусалим на празникот Пасха.
42А кога он беше на дванаесет години, тие пак отидоа по обичајот во Ерусалим;
43но при враќањето, кога се завршија празничните денови, Младенецот Исус остана во Ерусалим; а Јосиф и мајка Му не го забележаа тоа.
44Мислејќи дека е Он со друштво, измина еден ден пат и Го побараа меѓу роднините и познатите.
45Па, како не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат.
46По три дни Го најдоа во храмот како седи меѓу учители, ги слуша и ги прашува;
47сите што Го слушаа, се восхитуваа на Неговиот разум и на Неговите одговори.
48Кога Го видоа, се зачудија; и мајка Му рече: »Синко, што ни направи така? Ете, татко Ти и јас се измачивме, барајќи Те.«
49А Он рече: »Што сте Ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, кое што е на Мојот Отец?«
50Но тие не ги разбраа зборовите што им ги кажа Он.
51И слезе со нив, па дојде во Назарет; и им беше послушен. А мајка Му ги пазеше сите тие зборови во срцето свое.
52Исус, пак, напредуваше во премудроста и возраста, и во благодатта пред Бога и кај луѓето.
Селектирано:
Лука 2: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: