Лука 21
21
Вдовичината лепта. Беседата на Исуса за разурнувањето на Ерусалим и за неговата иднина.
1Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаа своите прилози во црковната каса;
2виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти,
3па рече: »Вистина ви велам, оваа бедна вдовица од сите повеќе пушти;
4сите овие дадоа прилози на Бога од својот вишок; таа, пак, пушти – сѐ што имаше за својот живот.«
5И кога некои зборуваа за храмот, дека е украсен со убави камења и ветени дарови, Он им рече:
6Ќе дојдат дни и од сето ова што го гледате нема да остане ни камен, што не ќе биде урнат.
7И Го прашаа, говорејќи: »Учителе, а кога ќе биде тоа и каков е знакот, дека ќе стане тоа?«
8Он рече: »Чувајте се, да не ве прелажат; зашто мнозина ќе дојдат во Мое име и ќе зборуваат оти сум Јас, и дека времето се приближи. Но, не одете по нив!
9А кога ќе чуете за војни и бунтови, не плашете се; сето тоа треба да стане, но сѐ уште не е крајот.«
10Тогаш им рече: »Ќе се крене народ против народ, и царство против царство;
11а на некои места ќе има и големи потреси, и глад и помор; ќе има стравотии и големи знаци на небото.
12А пред сето тоа ќе стават раце на вас и ќе ве изгонат, предавајќи ве на синагогите и затворите, и ќе ве водат пред цареви и управници, заради Моето име.
13И тоа ќе ви биде вам за сведоштво.
14И така, ставете си при срце да не размислувате однапред што ќе одговарате,
15зашто Јас ќе ви дадам уста и мудрост, на која не ќе можат да ѝ противречат ниту да ѝ се противстават сите ваши противници.
16Ќе бидете предадени исто така и од родители, и од браќа и од роднини, и од пријатели, а некои од вас ќе бидат убиени;
17и ќе бидете намразени од сите, заради Моето име.
18Но, ни влакно од главата ваша нема да загине;
19со трпение спасувајте си ги душите.
20А кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, знајте – дека се приближило неговото запустување.
21Тогаш, оние што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат во планините; и кои се во градот, да излезат од него; а кои се по околните места, нека не влегуваат во него,
22зашто тоа се дните на одмазда, за да се изврши сѐ што е напишано.
23Но тешко на бремените и доилките во тие дни: зашто голема мака ќе биде на земјата, и гнев врз овој народ;
24и ќе паднат од сечилото на мечот, и ќе бидат одведени во плен по сите народи; а Ерусалим ќе го газат незнабошци, сѐ додека не се свршат времињата на незнабошците.
25И ќе има знаци на сонцето, и на месечината, и на ѕвездите; а на земјата – тага кај народите од неизвесноста и од бучењето на морето, и од брановите;
26луѓето, пак, ќе умираат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и силите небески ќе попуштат.
27И тогаш ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облаци, со сила и слава голема.
28А кога ќе почне тоа да станува, исправете се и подигнете ги главите свои, зашто се приближува вашето спасение.«
29Им кажа парабола: »Погледајте ја смоквата и сите дрвја;
30кога ќе видите дека потеруваат, сами знаете оти летото е веќе близу.
31Па така, кога ќе видите дека станува ова, знајте оти се приближи царството Божјо.
32Вистина ви велам, нема да премине овој род, дури сето тоа не се исполни.
33Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.
34Само пазете се: вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство, и грижа за овој свет, за да не ве затече оној ден ненадејно;
35оти тој ќе дојде како примка за сите што живеат по целата земја;
36бидете будни во секое време и молете се, за да го избегнете сето она, што ќе настане, и да се исправите пред Синот Човечки!«
37Дење проповедаше Он во храмот, а ноќе излегуваше и ноќеваше во гората, наречена Елеонска.
38И сиот народ доаѓаше наутро при Него во храмот, за да Го слуша.
Селектирано:
Лука 21: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: