Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 12

12
ГЛАВА 12
1Меѓутоа, кога се насобра многуилјаден народ, така што се газеа еден со друг, Он почна да им говори најнапред на Своите ученици: – Пазете се од квасот фарисејски, бидејќи е лицемерие.
Крај на четвртокот
(Зачало 63)
2Нема ништо#Петок од 24-та седмица по Педесетница: Рече Господ: Нема ништо (Ова и на св. Георгиј, на утрената). сокриено, а да не се открие, ниту тајно – што не ќе се узнае;
3па затоа, тоа што сте го рекле во темнина, ќе се чуе на видело; и тоа што сте го рекле на уво во тајните одаи, ќе биде разгласено од покривите.
4А вам, на Моите пријатели, ви велам: Не бојте се од оние што го убиваат телото и потоа не можат ништо повеќе да направат;
5но, ќе ви кажам од кого да се боите: Бојте се од Оној, Којшто, по убивањето, има власт да фрли во пеколот; да, ви велам, од Него бојте се!
6Зар не се продаваат пет врапчиња за два пенеза? И ниедно од нив не е заборавено од Бога.
7А вам и влакната на главата ви се изброени. Па така, не бојте се: од многу врапчиња вие сте поскапи.
(Зачало 64)
8И ви велам: Секој#На 6 ноември, на св. Павле Исповедник: Рече Господ: Секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, и Синот Човечки ќе го признае пред Божјите ангели;
9а кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и тој ќе биде одречен пред Божјите ангели.
10На секого што ќе каже збор против Синот Човечки, ќе му биде простено; но, на оној што ќе похули на Светиот Дух, нема да му се прости.
11А кога ќе ве одведат во синагогите и пред властите и началствата, не грижете се како или што ќе одговорите, или што ќе кажете;
12зашто, Светиот Дух ќе ве научи, во истиот час, што треба да кажете.
Крај на петокот и на светителот
(Зачало 65)
13И екој, пак, од народот Му рече:#Понеделник од 25-та седмица по Педесетни ца: Во она време, кога Исус поучуваше, некој од народот Му рече: – Учителе, кажи му на мојот брат да го раздели со мене наслед ството.
14А Он му рече: – Човеку, кој Ме постави да ви судам или да ве делам?
15Па им кажа: – Гледајте и пазете се од лакомство, оти животот на човека не зависи од изобилието на неговиот имот.
Изостави во понеделникот
(Зачало 66)
16Аим кажа парабола и рече: – На некој богат човек#Недела 26 по Педесетница: Рече Господ во парабола: На некој богат човек нивата му беше родила многу;
17и мислеше во себе, велејќи: што да направам? Немам во што да ги соберам плодовите свои.
18И рече: ова ќе направам: – ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра,
19и ќе ѝ речам на душата своја: душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се!
20Но, Бог му рече: – Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа што си го подготвил, кому ќе му остане?
21Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога.
Крај на неделата
22И им рече на учениците Свои:
Читај во понеделникот
Затоа ви велам: – не грижете се за душата своја, што ќе јадете, ниту за телото свое, што ќе облечете.
23Душата е многу поскапа од храната, и телото – од облеката.
24Погледајте ги гавраните дека ниту сеат, ниту жнеат; тие немаат скривници, ниту амбари и Бог ги храни; а колку сте поскапи вие од птиците?
25Па и кој од вас, грижејќи се, може да му додаде еден лакот на својот раст?
26И така, кога ни најмалото нешто не можете да го направите, зошто се грижите за другото?
27Погледајте ги криновите како растат: ни се трудат, ниту предат; ама ви велам, дека ни Соломон, во сета своја слава, не се облече така, како еден од нив.
28Ако, пак, тревата во полето, која денеска ја има, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, тогаш колку повеќе вас, маловерни!
29Па затоа и вие, не барајте што ќе јадете или што ќе пиете; и не загрижувајте се.
30Сето тоа го бараат и незнабошците на овој свет; а вашиот Отец знае, дека тоа ви е потребно.
31Но, барајте го царството Божјо, и сето тоа ќе ви се придаде.
Крај на понеделникот
(Зачало 67)
32Не бој се,#Сабота од 28-та седмица по Педесетница: Рече Господ: Не бој се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството.
33Продајте си ги имотите ваши и давајте милостина! Подгответе си ќесиња што нема да изветвеат, неисцрпно сокровиште на небото, каде што крадец не се приближува и коешто молец не го јаде;
34зашто, каде што е сокровиштето ваше, таму ќе биде и срцето ваше.
35Нека ви биде половината притегната и светилата – запалени!
36Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе, коишто го чекаат својот господар да се врати од свадба, за да му отворат веднаш, штом ќе дојде и почука.
37Блазе на оние слуги, кои господарот ќе ги затече будни, кога ќе си дојде. Вистина ви велам, тој ќе се препаше и ќе им рече да седнат, па ќе пристапи и ќе им служи.
38А, ако дојде и на втора стража, и на трета дојде ли, и ги затече така, блазе на тие слуги.
39Знајте го и тоа, ако домаќинот на куќата знаеше во кој час ќе дојде крадецот, тој ќе седеше буден и немаше да дозволи да му ја поткопаат куќата.
40И вие, значи, бидете готови! Зашто, во кој час не мислите, ќе дојде Синот Човечки.
Крај на саботата
41А Петар Му рече: – Господи, за нас ли ја кажуваш оваа парабола, или за сите?
42Тогаш Господ рече:
(Зачало 68)
Кој е тој верен#Вторник од 25-та седмица по Педесетница: Рече Господ: Кој е тој верен и мудар управник, кого што го поставил неговиот господар над своите слуги, за да им дава потребна храна навреме?
43Блазе на тој слуга, чијшто господар, кога ќе дојде, ќе го затече така да постапува;
44вистина ви велам, дека тој ќе го постави него над целиот свој имот.
45Ако, пак, тој слуга рече во срцето свое: – нема скоро да дојде мојот господар, па почне да ги бие слугите и слугинките, да јаде и пие и да се опива,
46господарот на тој слуга ќе дојде во ден, во којшто не очекувал, и во час што не го знаел, па ќе го оддели и срамни со неверните.
47А оној слуга, што ја знае волјата на својот господар и не се подготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен;
48кој, пак, не знаел и направил нешто достојно за наказание, ќе биде малку биен.
(Зачало 69)
Кому му е многу дадено,#Среда од 25-та седмица по Педесетница: Рече Господ: Кому му е многу дадено многу и ќе се бара од него; и кому му е повеќе доверено, повеќе ќе се бара од него.
Крај на вторникот
49Јас дојдов да донесам оган на земјата и колку би сакал веќе да беше се разгорел.
50Со крштение треба да се крстам и колку Ми е мачно додека не се сврши тоа.
51Мислите ли дека сум дошол да дадам мир на земјата? Не, ви велам, туку да разделам;
52оти отсега, петмина во една куќа ќе бидат разделени: тројца против двајца и двајца против тројца;
53ќе биде татко против сина си и син против татка си; мајка против ќерка си и ќерка против мајка си; свекрва против снаата своја и снаата против свекрвата своја.
54А на народот му рече: Кога ќе видите дека се крева облак од запад, тогаш велите: – ќе врне дожд; така и бива.
55а кога дува јужниот ветер, велите: ќе биде вруќина; па така и бива.
56Лицемери, лицето на небото и земјата умеете да го распознавате, а ова време, како не го распознавате?
57Зошто и самите од себе не судите што е праведно?
58Кога одиш со својот противник пред власта, гледај уште патем да се измириш со него, за да не те предаде на судијата, а судијата на слугата и слугата да те фрли во затвор.
59Тебе ти велам, оттаму нема да излезеш, додека не ја дадеш и последната пара.
Крај на средата

Селектирано:

Лука 12: MK2008

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се