Лука 16
16
ГЛАВА 16
(Зачало 80)
1Ана учениците Свои им рече:#Четврток од 26-та седмица по Педесетница: Рече Господ во парабола: – Еден човек беше богат и имаше настојник; и, тој беше наклеветен пред него, дека го растура неговиот имот.
2И кога го повика, му рече: – Што е ова што слушам за тебе? Дај сметка за раководењето, зашто веќе не ќе можеш да бидеш настојник.
3А настојникот си рече во себе: што да правам? Господарот мој го одзема од мене раководењето на куќата; да копам, не можам; да просам, се срамам.
4Знам што да правам, за да би ме примиле во своите до мови, кога ќе бидам отстранет од раководењето на куќата.
5И кога ги повика должниците на својот господар, секого поодделно, му рече на првиот: – Колку му должиш на мојот господар?
6Тој одговори: – Сто мери масло. И му рече: – Земи си ја признаницата, седни и бргу напиши: – педесет.
7Потоа му рече на другиот: – А ти, колку должиш? Тој одговори: – Сто мери пченица. И му рече: – Земи си ја признаницата и напиши: – осумдесет.
8И господарот го пофали несправедливиот настојник, оти постапил досетливо; зашто синовите на овој свет во својот род се подосетливи од синовите на светлината.
9И јас ви велам: – Создадете си пријатели со неправедно богатство, та кога ќе осиромашите, да ве примат во вечните живеалишта.
Крај на четвртокот
(Зачало 81)
10Верниот#Сабота од 31 седмица по Педесетница: Рече Господ во парабола: Верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив.
11Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското?
12И, ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето?
13Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едиот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамона.
14Сето тоа го слушаа фарисеите, кои беа среброљупци, и Му се потсмеваа.
(Зачало 82)
15Он им рече: – Вие#Петок од 26-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Јудејците што беа дошле кај Него: Вие се претставувате пред луѓето за праведници, ама Бог ги знае вашите срца; зашто, она што за луѓето е високо, пред Бога е одвратно.
Крај на саботата
16Законот и Пророците беа до Јована; а оттогаш, царството Божјо се благовестува и секој со напор влегува во него.
17Но, полесно е небото и земјата да преминат, отколку една црта од Законот да пропадне.
18Секој што ја остава жената своја и се ожени со друга, прељубодејствува, и секој што се жени со распуштеница, прави прељуба.
Крај на петокот
(Зачало 83)
19Еден човек#Недела 22 по Педесетница: Рече Господ во парабола: Еден човек беше богат и се облекуваше во порфир и свила, и секој ден се веселеше раскошно.
20Беше, исто така, еден сиромав, по име Лазар, кој лежеше струплив пред вратата негова;
21и сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови.
22Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во прегратката Авраамова; умре и богатиот, и го погребаа.
23И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна очите свои и го виде Авраама оддалеку, и Лазара во прегратката негова,
24па извика и рече: – Оче Аврааме, смили се на мене и испрати го Лазара, да го накваси врвот од својот прст во вода и да ми го разлади јазиков, оти многу страдам во овој пламен.
25Но Авраам рече: – Синко, сети се, дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар – злото; сега, пак, тој се утешува, а ти страдаш.
26Освен тоа, меѓу нас и вас постои голема бездна, така што оние, кои би сакале да дојдат при вас, не можат; а, исто така, и оние оттаму – при нас.
27А тој, пак, рече: – Тогаш, те молам оче, прати го во куќата на татко ми,
28зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките.
29Авраам му рече: – Тие го имаат Мојсеја и Пророците, нив нека ги слушаат.
30А тој рече: – Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите отиде при нив, тогаш ќе се покајат.
31Авраам му рече: – Штом Мојсеја и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да поверуваат.
Крај на неделата Читај во петокот
Селектирано:
Лука 16: MK2008
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008

: