Лука 8
8
ГЛАВА 8
(Зачало 34)
1Потоа, Он одеше по#Вторник од 21 седмица по Педесетница: Во она време, Исус одеше по градовитеиселата, проповедајќи и благовестувајќи го царството Божјо; а со Него беа дванаесетте,
2и некои жени што беа излечени од зли духови и болести: Марија, наречена Магдалина, од која беа излегле седум демони;
3и Јоана, жената Хузанова, настојникот Иродов; и Сусана, и многу други, коишто Му служеа со своите имоти.
Крај на вторникот
4А кога се собра многу народ, и кога жителите од сите градови приоѓаа кај Него, Он ја кажа оваа парабола:
(Зачало 35)
5И злезе#Недела 21 по Педесетница: Рече Господ во парабола: Излезе сејач да сее семе; и кога сееше, едно падна покрај патот и беше изгазено, и птиците небески го исколваа;
6а друго падна на камен, па штом никна – се исуши, оти немаше влага;
7едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, и го задушија;
8а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод. Зборувајќи го ова, извика: кој има уши да слуша, нека чуе!
9А учениците Негови Го прашаа, велејќи: – Што значи таа парабола?
10Он рече: – Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на другите ќе им се говори во параболи, та, гледајќи – да не видат, и слушајќи – да не разбираат.
11А оваа парабола значи: – Семето е словото Божјо.
12Она, што падна покрај патот се тие, што слушаат; но потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од срцата нивни, за да не поверуваат и да не се спасат;
13а она на камен – се оние кои, кога ќе го чујат словото, со радост го примаат; ама немаат корен и веруваат некое време, па штом ќе дојдат искушенија, тие се откажуваат;
14тоа, пак, што падна меѓу трње – се оние, кои го слушаат словото, но кога ќе отидат, се оддаваат на грижи, богатство и наслади од овој живот и не донесуваат плод;
15а оние на добрата земја, се тие што го слушаат словото и го пазат во добро и чисто срце, и принесуваат плод со трпение. Штом го рече тоа, извика: – Кој има уши да слуша, нека чуе!
Крај на неделата
(Зачало 36)
16Никој,#Сабота од 22-та седмица по Педесетница: Рече Господ: Никој (Ова и на св. Ана). кога ќе запали свеќа, не ја поклопува со сад, ниту ја става под кревет, туку ја поставува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат.
17Оти нема тајно, што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено, што не ќе се разбере и излезе на видело.
18Значи, внимавајте како слушате; зашто, кој има – ќе му се даде; а кој нема – ќе му се одземе и она што мисли дека го има.
19Дојдоа, пак, кај Него мајка Му и браќата Негови, и не можеа да се приближат до Него поради народот.
20И Му јавија, велејќи: – Мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.
21А Он им одговори и рече: – Мојата мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.
Крај на саботата
(Зачало 37)
22И се случи, еден ден, да влезе Он во#Среда од 21-та седмица по Педесетница: Во она време, влезе Исус во кораб со учениците Свои и им рече: – Да преминеме од другата страна на езерото! – и појдоа.
23А кога пловеа, – заспа. Над езерото се појави силен ветер, па водата ги плискаше, и беа во опасност.
24Пристапија и Го разбудија, говорејќи: – Наставниче, Наставниче, загинуваме! А Он, штом се разбуди, им заповеда на ветрот и на брановите; и тие се смирија – и настана тишина.
25И им рече: – Каде е верата ваша? А тие се уплашија и се чудеа, велејќи си еден на друг: – Кој е Овој што и на ветровите и на водата им заповеда и Го слушаат?
Крај на средата
(Зачало 38)
26И пристигна во#Недела 23-та по Педесетница: Во она време, пристигна Исус во гадаринскиот крај, спроти Галилеја.
27А кога излезе Он на суво, Го сретна еден човек од градот, којшто имаше бесови од многу години, и не облекуваше алишта, и не живееше дома, туку во гробовите.
28Кога Го виде Исуса, извика и падна пред Него, и гласно рече: – Што имаш со мене, Ти, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Ти се молам, не мачи ме!
29Зашто Исус му беше заповедал на нечистиот дух да излезе од човекот; оти долго време го мачеше, и беше во окови, и со синџири го врзуваа, чувајќи го; но тој ги раскинуваше оковите и бесот го тераше да оди по пусти места.
30А Исус го праша, велејќи: – Како ти е името? Тој одговори: – Легион, зашто многу бесови беа влегле во него.
31И Го молеа Исуса да не им наредува да одат во бездната.
32А таму, по ридот, пасеа многу свињи; па Го молеа да им дозволи да влезат во нив. И им дозволи.
33Па, откако излегоа бесовите од човекот, влегоа во свињите; и се стрчаа свињите низ стрмнината и се издавија во езерото.
34Свињарите, кога видоа што се случи, избегаа и раскажаа по градот и околијата.
35И излегоа да видат што станало; па кога дојдоа кај Исуса, го најдоа човекот, од кого беа излегле нечистите духови, како седи при нозете Исусови, облечен и со здрав разум; и се уплашија.
36А оние што беа виделе, им кажаа како се спаси бесомачниот.
37И сиот народ од гадаринскиот крај Го молеше да си отиде од нив; зашто се беа уплашиле многу. И Он влезе во коработ и се врати.
38Човекот, пак, од кого излегоа демоните, Го замоли да биде со Него; но Исус го отпушти, велејќи:
39– Врати се во домот свој и раскажувај што ти направи Бог! Тој си отиде и расправаше по целиот град што му направи Исус.
Крај на неделата
(Зачало 39)
40Акога се врати Исус, народот Го пресретна, оти сите Го очекуваа.
41И ете, дојде еден човек,#Недела 24-та по Педесетница: Во она време, пристапи кон Исуса еден човек, по име Јаир, кој беше управник на синагогата; па кога падна пред нозете Исусови, Го молеше да отиде во домот негов,
42зашто имаше една единствена ќерка на дванаесет години, и таа умираше. А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него.
43И една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение, и сиот свој имот беше го потрошила по лекари, и ниеден не можел да ја излечи,
44пристапувајќиодзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ѝ престана крвотечението.
45И рече Исус: – Кој се допре до Мене? А кога сите се откажуваа, Му рече Петар и оние што беа со Него: – Учителе, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: – Кој се допре до Мене?
46Но, Исус рече: – Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.
47Жената, штом виде дека не може да се сокрие, со треперење пристапи, па откако падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела, и дека веднаш оздравела.
48А Он ѝ рече: – Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир!
49Додека Он уште говореше, дојде некој од управникот на синагогата и Му рече: – Ќерка ти умре; не мачи Го Учителот!
50Но Исус, штом го чу тоа, одговарајќи, му рече: – Не бој се! Само верувај, и ќе биде спасена!
51А кога пристигна во куќата, никому не дозволи да влезе, освен на Петра, Јована и Јакова, и на таткото и мајката на девојката.
52Сите плачеа и ридаа по неа; но Он им рече: – Не плачете; таа не е умрена, туку спие!
53И Му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена.
54А Он, откако ги истера сите, ја фати за рака и извика, велејќи: – Девојко, стани!
55И се поврати нејзинот дух, и стана веднаш; и заповеда да ѝ дадат да јаде.
56И се зачудија родителите нејзини. А Он им заповеда никому да не кажуваат за тоа што стана.
Крај на неделата
Селектирано:
Лука 8: MK2008
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008

: