1 КОРИНТЈАНИТЕ 10
10
Предупредување против идолопоклонство
1Не сакам да ви остане непознато, браќа, дека сите наши татковци беа под облакот и сите минаа низ морето; 2и сите се крстија во Мојсеја, во облакот и во морето; 3и сите јадеа иста духовна храна; 4и сите пиеја иста духовна напивка; зашто пиеја од духовната Стена, која ги следеше, а таа Стена беше Христос. 5Но Бог не најде благоволение во нив, и беа погубени во пустината.
6А тие нешта станаа примери за нас, за да немаме зли желби, како што ги имаа тие. 7И не бидете идолопоклоници како некои од нив, како што е пишано: „Народот седна да јаде и пие, потоа стана да игра!“ 8Ниту блудствувајте, како што блудствуваа некои од нив, и во еден ден паднаа дваесет и три илјади! 9Ниту да Го искушуваме Господа, како што Го искушуваа некои од нив, и загинаа од змии. 10Ниту роптајте, како што роптаа некои од нив, и загинаа од истребителот! 11А сѐ тоа им се случи за пример, и е напишано за поука нам, врз кои дојдоа краевите на времињата. 12И така, кој мисли дека стои, нека внимава да не падне! 13Никакво искушение не ве постигна, освен човечкото. А Бог е верен и не ќе дозволи да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да го издржите.
14Затоа, мои возљубени, бегајте од идолопоклонството! 15Зборувам како на мудри; пресудете сами за она што ви зборувам. 16Чашата на благословот, што ја благословуваме, не е ли заедништво на Христовата крв? Лебот, што го раскршуваме, не е ли заедништво на Христовото тело? 17Затоа што лебот е еден, и ние кои сме многу, само едно тело сме, зашто сите од еден леб имаме заедница. 18Набљудувајте го земниот Израел! Оние, кои ги јадат жртвите, не се ли во заедница со жртвеникот? 19Па што сакам да речам? Дали жртвуваното на идолите е нешто; или дека идолот претставува нешто? 20Не, туку дека она што народите го жртвуваат, им го жртвуваат на бесовите, а не на Бога; а јас не сакам вие да бидете во заедница со бесовите. 21Не можете да ја пиете Господовата чаша и бесовската чаша. Не можете да учествувате на Господовата трпеза и на бесовската трпеза. 22Или пак да Го предизвикаме Господа на ревнување? Дали сме ние посилни од Него?
23Сѐ е дозволено, но не е сѐ полезно. Сѐ е дозволено, но не е сѐ поучно. 24Никој да не ја бара својата полза, туку ползата на другиот! 25Јадете сѐ што се продава во месарница, не испитувајќи ништо заради совеста, 26зашто „Господова е земјата и сѐ што ја исполнува.“ 27Ако некој од неверниците те повика на јадење и сакаш да отидеш, јади од сѐ што ќе сложат пред тебе, не испитувајќи ништо, заради совеста. 28Ако некој ти рече: „Ова било принесено на жртва,“ не јади заради оној, кој те известил и заради совеста. 29Но не мислам на твојата совест, туку на оној другиот. А зошто мојата слобода да биде судена од туѓа совест? 30Ако учествувам со благодарност, зошто да ме хулат за она за што благодарам?
31Според тоа, јадете ли, пиете ли, или ако правите нешто друго, правете сѐ за Божја слава! 32Не бидете им соблазан на Јудејците, ни на Грците, ни на Божјата црква, 33како што и јас им угодувам на сите во сѐ и не ја барам својата сопствена полза, но на многуте, за да се спасат.“
Селектирано:
1 КОРИНТЈАНИТЕ 10: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: