Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 КОРИНТЈАНИТЕ 12

12
Духовни дарови
1Што се однесува за духовните нешта, браќа, не сакам да останете во незнаење. 2Знаете дека кога бевте многубошци, бевте влечени како терани кон немите идоли. 3Затоа ве известувам дека никој, кој зборува во Божјиот Дух, не вели: „Проклет да е Исус,“ и никој не може да каже: „Исус е Господ,“ освен преку Светиот Дух.
4Дарбите се различни, но Духот е ист. 5Различни се и службите, но Господ е ист. 6Има разлики и во дејствата, но Бог е ист, Кој врши сѐ во сите. 7Секому му се дава откровение на Духот за општа полза. 8На еден му се дава преку Духот слово на мудрост, на друг слово на знаење, преку истиот Дух; 9на друг вера преку истиот Дух; а на друг пак дарови за лекување преку истиот Дух; 10на друг да прави чуда, на друг да пророкува, на друг да ги разликува духовите, на друг разни јазици, а на друг да ги толкува јазиците. 11А сѐ тоа го прави еден и ист Дух, Кој разделува секому, како што сака.
12Зашто, како што е телото едно, а има многу членови, и сите членови на телото, иако се многу, едно тело се, така е и Христос: 13зашто ние сите сме крстени преку еден Дух во едно тело - било Јудејци, или Грци, било робови, или слободни. И сите сме напоени во еден Дух. 14Зашто телото не се состои од еден член, туку од многу. 15Ако ногата рече: „Бидејќи не сум рака, не му припаѓам на телото,“ тоа не ја прави да не е од телото. 16И ако увото рече: „Бидејќи не сум око, не му припаѓам на телото,“ тоа не го прави да не е од телото. 17Ако целото тело би било око, каде би бил слухот? Ако сѐ би било слух, каде би било мирисањето? 18Но Бог ги поставил членовите во телото; секој еден од нив, како што Му било угодно. 19Ако пак сите би биле еден член, каде би било телото? 20А сега се многу членови, а телото е едно. 21Не може окото да ѝ рече на раката: „Не си ми потребна,“ или пак главата на нозете: „Не сте ми потребни!“ 22Туку попотребни се оние членови на телото, што изгледаат послаби. 23И поголемо почитување им даваме на оние членови на телото, за кои сметаме дека не заслужуваат почитување. Нашите неугледни членови имаат поголема пристојност; 24а на пристојните тоа не им треба. Но Бог го сложил телото, давајќи му поголема чест на оној член, кој ја нема, 25за да нема раздор во телото, туку членовите еднакво да се грижат еден за друг. 26И ако страда еден член, со него страдаат сите членови; или ако се слави еден член, сите членови се радуваат со него. 27А вие сте Христово тело, а поодделно, членови. 28И Бог ги поставил поединците во црквата: прво за апостоли, второ за пророци, трето за учители; потоа чудотворни сили, па дарови за исцелување, за помагање, за управување, за разни јазици. 29Сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци? 30Сите ли имаат дарови за исцелување? Дали сите зборуваат разни јазици? Сите ли се толкувачи? 31Туку покажувајте ревност за подобрите дарби! А јас ќе ви покажам уште повозвишен пат.

Селектирано:

1 КОРИНТЈАНИТЕ 12: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се