Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ЈОВАНОВО 2

2
Гревот треба да се избегнува
1Дечиња мои, ова ви го пишувам за да не згрешите; и ако некој згреши, имаме Бранител при Таткото: Исуса Христа, Праведникот. 2Тој е жртва помирница за нашите гревови; не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет. 3И по тоа знаеме дека сме Го познале, ако ги пазиме Неговите заповеди. 4Кој вели: „Го познав“, а не ги пази Неговите заповеди, лажец е и вистината не е во него. 5А кој го пази Неговото слово, во него, навистина, љубовта кон Бога стигнала до совршенство.
По тоа знаеме дека сме во Него. 6Кој вели дека останува во Него, тој треба да оди, како што одеше Тој.
Љубов кон ближниот
7Возљубени, не ви пишувам нова заповед, туку старата заповед, што ја примивте од почеток; старата заповед е словото, што сте го чуле. 8Но сепак ви пишувам нова заповед; - и тоа е вистинско и во Него и во вас - зашто темнината поминува, а вистинската светлина веќе свети. 9Кој вели дека е во светлината, а го мрази својот брат, тој е досега во темнината. 10Кој го љуби својот брат останува во светлината и во него нема соблазан. 11А кој го мрази својот брат во темнината е и во темнината оди, и не знае каде оди, зашто темнината му ги заслепила очите.
Одделување од грешниот свет
12Ви пишувам, дечиња, зашто ви се простени гревовите, заради Неговото име. 13Ви пишувам, татковци, зашто Го познавте Оној, Кој е од почетокот; ви пишувам вам, млади, зашто го победивте лукавиот. Ви напишав, дечиња, зашто Го познавте Таткото. 14Ви напишав, татковци, зашто Го познавте Оној, Кој е од почеток. Ви напишав, млади, зашто сте силни и зашто Божјото слово пребива во вас и зашто го победивте лукавиот. 15Не сакајте го светот, ниту она што е во светот. Ако некој го сака светот, љубовта од Бога Таткото не е во него, 16зашто сѐ што е во светот: - похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот, не е од Таткото, туку од светот. 17А светот поминува и неговата похот, а кој ја извршува Божјата волја останува довека.
Лажните учители се антихристи
18Деца, последен час е; и, како што сте чуле дека антихрист иде, така сега се подигнаа многу антихристи; по тоа знаеме дека е последниот час. 19Од нас излегоа, но не беа од нас, зашто ако беа од нас, ќе останеа со нас, туку требаше да се покаже дека не се сите од нас. 20А вие имате помазание од Светиот и знаете сѐ. 21Не ви пишав како да не ја знаете вистината, туку зашто ја знаете и зашто ниедна лага не е од вистината.
22Кој е лажецот, ако не оној, кој одречува дека Исус е Христос? Ова е антихрист - кој ги одречува Таткото и Синот. 23Секој, што Го одречува Синот Го нема ни Таткото; кој Го исповедува Синот, Го има и Таткото. 24Што чувте од почетокот тоа да остане во вас. Ако остане во вас она што го чувте од почетокот, и вие ќе останете во Синот и Таткото. 25А ова е ветувањето што Тој ви го вети: вечен живот.
26Ова ви го пишав заради оние, кои ве заведуваат. 27А вие, во вас останува помазанието што го примивте од Него и не е потребно некој да ве поучува, туку како што Неговото помазание ве учи за сѐ, и е вистинско и не е лага, и како што ве научи, така останете во Него. 28И сега, дечиња, останете во Него, за да имаме смела доверба кога ќе се јави Тој и за да не се засрамиме пред Него, при Неговото доаѓање. 29Ако знаете дека Тој е праведен, знајте дека секој кој врши правда, е роден од Него.

Селектирано:

1 ЈОВАНОВО 2: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се