1 ПЕТРОВО 4
4
Поттикнување кон чист живот
1И така, бидејќи Христос пострада во телото за нас, вооружете се и вие со истата мисла - зашто кој пострадал во тело прекинал од гревот, 2та останатото време на животот, во телото, да не го поминете според човечките страсти, туку според Божјата волја. 3Зашто доста е што во минатото време ја вршевте волјата на народите со тоа што живеевте во разврати, во страсти, во пијанства, во гозби, во опијанувања и во беззаконско идолопоклонство. 4Затоа сега и се чудат дека вие не трчате со нив во истата крајност на развратот, и ве хулат; 5тие ќе Му дадат сметка на Оној, Кој е готов да им суди на живите и мртвите. 6Имено, затоа им е проповедано Евангелието и на оние кои се сега мртви, за тогаш да беа судени по човечки во телото, а со духот сега да живеат според Бога.
7А крајот на сѐ е близу. И така, бидете разумни и бдејте во молитвите. 8Пред сѐ имајте постојана љубов меѓу себе, зашто љубовта покрива многу гревови. 9Бидете гостољубиви еден кон друг без негодување. 10Бидејќи секој од вас добил дар, служете си со него еден на друг, како добри домоуправители на многукратната Божја благодат. 11Ако некој говори, нека зборува како Божји зборови; ако некој служи, нека служи како по силата, која Бог ја дава, за да се слави во сѐ Бог преку Исуса Христа, Кому Му припаѓаат славата и силата во сите векови. Амин. 12Возљубени мои, не чудете се на огненото испитување, што се појави меѓу вас, за да ве искуша, како да ви се случува нешто необично, 13туку, радувајте се дека соучествувате во Христовите страдања, за да можете да се радувате и да се веселите при откровението на Неговата слава. 14Блажени сте ако ви префрлуваат за Христовото име, зашто тогаш Духот на славата и Божјиот Дух почива врз вас. Вистина, - според нив, Тој е похулен, но според вас, Тој е прославен. 15Имено, никој од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник или како оној, кој се меша во туѓи работи; 16но, ако страда како христијанин, да не се срами, туку да Го слави Бога со тоа име, 17зашто е време да почне судот од Божјиот дом; а ако почнува прво од нас, каков ли ќе им биде крајот на оние, кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие? 18И „ако праведникот одвај се спасува, каде ќе се покажат безбожникот и грешникот?“ 19Затоа и оние, кои страдаат по Божја волја, да Му ги предадат своите души на верниот Создател, правејќи добро.
Селектирано:
1 ПЕТРОВО 4: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: