1 САМОИЛ 14
14
г. Јонатанов подвиг при Михмас
1. Јонатан оди против Филистејците
1Еден ден Сауловиот син Јонатан му рече на својот момок, оруженосец: „Ајде да поминеме до филистејската стража, која е онаму преку.“ Не му јави ништо за тоа на својот татко. 2Саул седеше на меѓата на Гаваја, под калинката што беше во Мигрон; а со него беа околу шест стотини луѓе. 3А Ахиј синот Ахитов, братот Ихаводов, синот Финесов, синот Илиев, на Господовиот свештеник во Сило, носеше наплеќник. Народот не забележа дека Јонатан си отиде. 4Во средината на клисурата каде што Јонатан сакаше да помине за да дојде до филистејската стража имаше стрмен камен од едната страна и стрмен камен од другата страна. Едниот се викаше Восес, а другиот Сене. 5Првиот стрмен камен стоеше на север, спроти Михмас, а другиот на југ, спроти Гаваја.
6Јонатан му рече на својот оруженосец: „Ајде да поминеме до стражата на оние необрезаници. Можеби Господ ќе направи нешто за нас, зашто ништо не Му пречи на Господа да додели победа, било да се многу луѓе или малку.“ 7А штитоносецот му одговори: „Прави сѐ на што те поттикнува твоето срце. Јас ќе дојдам со тебе, моето срце е како твоето срце.“ 8Јонатан му одговори: „Еве ќе поминеме кон тие луѓе и ќе им се покажеме. 9Ако ни речат вака: ‘Не мрдајте сѐ додека не дојдеме до вас,’ тогаш ќе се исправиме на местото и нема да се искачуваме кон нив. 10Ама ако ни речат вака: ‘Искачете се кон нас,’ тогаш ќе се искачиме, зашто Господ ни ги предаде во рацете. Тоа ќе ни биде знак.“ 11Кога двајцата ѝ се покажаа на филистејската стража, филистејците рекоа: „Ете Евреите почнаа да излегуваат од дупките во кои се скрија.“ 12И стражарите му викнаа на Јонатана и на неговиот оруженосец: „Искачете се кон нас за да ве научиме нешто!“ А Јонатан му рече на својот оруженосец: „Искачувај се по мене, зашто Господ ги предаде во Израелевите раце.“ 13Јонатан почна да се искачува помагајќи се со рацете и нозете, а по него неговиот оруженосец. Филистејците паѓаа пред Јонатана, а неговиот штитоносец ги убиваше по него. 14Во тој прв колеж што го направија Јонатан и неговиот штитоносец, паднаа дваесет луѓе на од прилика половина рало изорано поле. 15Тогаш се рашири страв по логорот и по полето, а стравот ги опфати и стражарите и четата грабачи; и земјата се стресе, и тоа беше силен Божји страв.
2. Филистејци во бегство
16А Сауловите стражари во Венијаминовата Гаваја забележија дека мноштвото во логорот се разбранувало на сите страни. 17И Саул им рече на луѓето кои што беа со него: „Извикувајте по име и видите кој си отишол од нас.“ А кога прозиваа, ете, ги немаше Јонатана и неговиот штитоносец! 18Тогаш Саул му рече на Ахиј: „Приближи го наплеќникот! Посоветувај се со Господа!“ Зашто Божјиот Ковчег во тоа време беше со Израелевите синови. 19Но додека Саул зборуваше со свештеникот, вревата во филистејскиот логор стануваше сѐ поголема, па Саул му рече на свештеникот: „Повлечи ја раката!“ 20Тогаш Саул и сиот народ што беше со него тргнаа заедно кон местото на бојот, и ете, таму ги беа извлекле мечевите едни на други, и голем смут владееше меѓу нив. 21А оние Евреи кои од поодамна беа во служба на Филистејците и кои што тргнаа сега со нив во војската, се одметнаа од нив и им се придружија на Израелците, кои беа со Саула и со Јонатана. 22И сите Израелци, кои се беа скриле во Ефремовата Гора, откако чуја дека Филистејците бегаат, се нафрлија по нив во бој. 23Така Господ му додели победа на Израел во оној ден, а бојот се рашири сѐ до преку Вет Авен.
3. Јонатан неволно прекршува Саулова клетва
24Израелците беа во оној ден многу изморени, зашто Саул ја изрече над народот оваа заклетва: „Проклет да биде човекот, кој ќе вкуси храна пред вечерта, пред да им се одмаздам на своите непријатели!“ Така сиот народ не вкуси храна во тој ден. 25Но таму имаше саќи со мед на површината на земјата. 26Кога народот дојде онаму, виде како тече мед, но никој не ја принесе раката кон устата, зашто народот се боеше од заклетвата. 27Само Јонатан, кој не чу кога неговиот татко го заколна народот, го доближи врвот на стапот, што му беше во раката, и го намака во медените саќи, потоа ја принесе раката кон устата; и веднаш му засветкаа очите. 28Тогаш еден од народот проговори и рече: „Твојот татко го заколна народот, велејќи: ‘Проклет да е оној кој ќе вкуси храна денес!’“ 29А Јонатан одговори: „Мојот татко ја навалува несреќата на земјата. Гледајте, ми засветкаа очите зашто вкусив малку од тој мед. 30Што би било допрва ако народот јадеше слободно од пленот што го доби од непријателот? Не ќе ли беше уште поголем филистејскиот пораз?“
31Во оној ден ги поразија Филистејците од Михмас сѐ до Ајалон, а народот беше на крајот на своите сили. 32Тогаш народот се нафрли на грабеж, нафаќа ситен добиток, говеда и телиња и почна да ги коле на гола земја и да го јаде месото со крвта. 33И му соопштија на Саула, велејќи: „Ете народот му греши на Господа, јадејќи месо со крв!“ 34Потоа рече: „Отидете меѓу народот и речете им на сите нека секој го доведе при мене својот вол или овца; тука ќе ги колете и ќе ги јадете, а нема да Му грешите на Господа, јадејќи месо со крвта.“ Така сиот народ уште во истата ноќ доведе кој што имаше, и тоа го колеа таму. 35А Саул Му подигна жртвеник на Господа; тоа беше прв жртвеник што Му го подигна на Господа.
4. Изобличување на Јонатана
36Тогаш Саул рече: „Да тргнеме уште ноќеска во потера по Филистејците, и да ги пленуваме додека не осамне утрото! Нема да им оставиме ниеден човек!“ А народот му одговори: „Прави сѐ што мислиш дека е добро!“ Ама свештеникот рече: „Да Му пристапиме тука на Бога!“ 37И Саул го праша Бога: „Треба ли да тргнам во потера по Филистејците? Дали ќе ги предадеш во Израелеви раце?“ Ама не му одговори во оној ден. 38Затоа Саул рече: „Пристапете ваму, сите народни главатари! Испитајте и видете во што беше денешниот престап. 39Зашто, живиот ми Господ, Кој му дава победа на Израел, ако се најде вина макар и на мојот син Јонатан, треба да умре!“ Ама никој од народот не се осмели да му одговори на Саула. 40Саул тогаш му рече на сиот Израел: „Вие застанете на една страна, а јас и мојот син Јонатан ќе застанеме на другата страна.“ А народот му одговори на Саула: „Прави го она што мислиш дека е добро!“ 41Тогаш Саул се помоли: „Господи, Израелев Боже, зошто не му одговори денес на својот слуга? Ако е вината на мене или на мојот син Јонатан, Господи, Израелев Боже, дај Урим; ако е вината на Твојот народ Израел, дај Тумим.“ И жрепката падна на Саула и на Јонатана, а народот излезе прав. 42Саул продолжи: „Фрлете жрепка за мене и за мојот син Јонатан!“ И жрепката падна на Јонатана.
5. Народот го спасува Јонатана од смрт
43Тогаш Саул му рече на Јонатана: „Признај што си направил!“ Јонатан одговори: „Јас само вкусив малку мед со врвот на стапот што ми беше во раката. Еве ме, готов сум да умрам!“ 44Саул одговори: „Така Господ да ми направи зло и да ми додаде друго ако навистина не умреш Јонатане!“ 45Ама народот му рече на Саула: „Зар да умре Јонатан, кој ја извојува оваа голема победа во Израел? Тоа не смее да биде! Живиот ни Господ, ниедно влакно од неговата глава нема да падне на земја, зашто тој со Бога го изврши ова дело денес!“ Така народот го избави, та Јонатан не загина. 46Саул се откажа од потерата по Филистејците, а Филистејците се вратија во својот крај.
д. Саулови војни со други народи
47Кога Саул ја зацврсти својата царска власт над Израел, се сврте да војува против сите свои непријатели наоколу: против Моав, против Амонците, против Едом, против царот на Сова и против Филистејците; каде и да се завртеше секаде победуваше. 48Даде многу докази за својата храброст, ги порази Амаликците и го избави Израел од рацете на оние кои што го ограбуваа.
ѓ. Саулово семејство. Негови воени началници
49Саулови синови беа: Јонатан, Исух и Мелхи-Суј, а од неговите две ќерки постарата се викаше Мерава, а помладата Михала. 50Сауловата жена се викаше Ахиноама, а беше ќерка Ахимасова. Војводата на неговата војска се викаше Авенир, а му беше син на Нир, Сауловиот чичко. 51Зашто Кис, Сауловиот татко, и Нир, Авенировиот татко, беа синови Авилови. 52Жестока војна се водеше против Филистејците за време на сиот Саулов век. И кого и да видеше Саул храбар и боевит човек, секого го земаше во своја служба.
Селектирано:
1 САМОИЛ 14: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: