1 САМОИЛ 28
28
3. Филистејците се готват за војна со Израел
1Во она време Филистејците ги собраа своите чети за војна против Израел. И Ахис му рече на Давида: „Знај дека ќе идеш со мене во војска, ти и твоите луѓе!“ 2А Давид му одговори на Ахиса: „Добро! Сега ќе видиш што ќе направи твојот слуга!“ А Ахис му одговори на Давида: „Добро! Затоа ќе те поставам да бидеш мој чувар довека.“
4. Саул кај волшебница во Ен-Дор
а. Господ не му одговара на Саула
3Самоил беше умрел, и сиот Израел го оплака тажејќи по него. Го закопаа во неговиот град Рама. А Саул ги беше истерал од земјата сите повикувачи на духови и врачеви. 4Додека Филистејците се собираа та дојдоа и се влогорија кај Суним, Саул ги собра сите Израелци та се влогори во Гелвуе. 5Кога Саул го здогледа филистејскиот логор, се исплаши и срцето му затрепери силно. 6Саул го праша за совет Господа, но Господ не му даде одговор, ни во соништата, ни преку Уримот, ни преку пророците. 7Затоа Саул им рече на своите слуги: „Побарајте ми жена која повикува духови, за да одам кај неа и да ја прашам.“ А слугите му одговорија: „Еве, во Ен-Дор има жена која повикува духови.“
б. Саул ѝ се обраќа на волшебница (духоповикувачка)
8Тогаш Саул се преправи, облече други облеки и отиде со два човека. И дојде ноќе кај онаа жена и ѝ рече: „Да ми вражаш со помош на дух и повикај ми го оној кого што ќе ти речам.“ 9А жената му одговори: „Па ти знаеш што направи Саул и како ги истреби од земјата повикувачите на духови и вражалците. Зошто му поставуваш стапица на мојот живот за да ме погубиш?“ 10А Саул ѝ се заколна во Господа, говорејќи: „Така ми живиот Господ, не ќе бидеш ништо виновна за ова!“ 11Тогаш жената запраша: „Кого да ти го повикам?“ А тој одговори: „Повикај ми го Самоила!“ 12Кога жената го здогледа Самоила, извика гласно, а тогаш му рече на Саула: „Зошто ме измами? Та ти си Саул!“ 13А царот ѝ одговори: „Не бој се! Туку што гледаш?“ А жената му одговори на Саула: „Гледам нешто божествено што се дига од земјата.“ 14Саул ја праша: „Какво му е обличјето?“ А таа одговори: „Излегува старец, наметнат со плашт.“ Тогаш Саул созна дека е тоа Самоил, па падна со лицето на земјата и се поклони.
в. Грозно Самоилово слово за Саула
15Самоил го праша Саула: „Зошто го замати мојот мир повикувајќи ме горе?“ А Саул одговори: „Во голема неволја сум, зашто Филистејците завојуваа против мене, а Бог се заврте од мене и не ми одговара веќе, ни преку пророците ни во соништата. Затоа те повикав тебе за да ме поучиш што да правам.“ 16А Самоил одговори: „Зошто ме прашуваш мене, кога Господ се одвратил од тебе и ти станал непријател? 17Господ ти направи како што ти кажа преку мене: го истрга царството од твојата рака и му го даде на твојот соперник, Давид, 18зашто не ги послуша Господовите зборови и зашто не го изврши Неговиот жесток гнев врз Амалик: затоа Господ ти направи вака денес. 19Господ ќе го предаде, заедно со тебе, и Израел во филистејски раце. Утре со своите синови ќе бидеш со мене, а и војската Израелева Господ ќе ја предаде во филистејски раце.“
г. Волшебницата му предлага храна на Саула
20Саул беше опфатен од ужас и падна на земјата колку што е долг. Го опфати силен страв од Самоиловите зборови. И му ја потснема силата, зашто не јадеше ништо цел ден и цела ноќ. 21Кога онаа жена дојде кај Саула и забележа како е сиот исплашен, му рече: „Ете, твојата слугинка го послуша твојот збор, го ставив својот живот на коцка и ги послушав твоите заповеди, што ми ги наложи. 22Затоа сега послушај го и ти зборот на својата слугинка: дозволи да ти пружам залак леб; јади, за да ти се врати силата та да можеш да тргнеш по својот пат.“ 23Но тој нејќеше, туку рече: „Не ќе јадам!“ Ама кога го зафатија неговите слуги, заедно со жената, ги послуша, стана од земјата и седна на постелата. 24Жената имаше дома теле за гоење. Го закла брзо, потоа зеде брашно, го замеси и испече бесквасен леб. 25Потоа стави сѐ пред Саула и пред неговите луѓе. Откако јадоа, станаа и уште во истата ноќ тргнаа назад.
Селектирано:
1 САМОИЛ 28: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: