Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 СОЛУНЈАНИТЕ 5

5
Бидете подготвени!
1А што се однесува за времињата и настаните, браќа, немате потреба да ви се пишува; 2зашто самите вие добро знаете дека Господовиот Ден ќе дојде како крадец во ноќта. 3Кога ќе речат: мир и безбедност, тогаш ненадејно ќе падне погибел на нив, како болка на трудна жена, и не ќе ѝ избегаат. 4Но вие, браќа, не сте во темнина - та Денот да ве затече како крадец; 5зашто вие сите сте синови на светлината и синови на денот. Не ѝ припаѓаме на ноќта, ниту на темнината; 6и така, да не спиеме како другите, туку да бдееме и да бидеме трезвени; 7зашто оние кои спијат, спијат ноќе и кои се опиваат, ноќе се опиваат. 8А ние, кои му припаѓаме на денот, да бидеме трезвени, да се облечеме во оклоп на вера и љубов, и со надежта на спасение како кацига, 9зашто Бог не нѐ определил за гнев, туку да придобиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос, 10Кој умре за нас за да живееме заедно со Него, било да сме будни или да спиеме. 11Затоа утешувајте се меѓусебно и надградувајте се еден друг како што и правите!
Посебни опомени
12Ве молиме, браќа, да им дадете признание на оние, кои се трудат меѓу вас, како ваши душогрижници во Господа, и ве опоменуваат. 13Ценете ги над сѐ во љубов, заради нивното дело. Живејте во мир помеѓу себе. 14Ве молиме уште, браќа, поучувајте ги неуредните, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите, бидете трпеливи со сите. 15Гледајте, никој никому да не враќа зло за зло, туку секогаш одете по она што е добро меѓу себе и кон сите! 16Радувајте се секогаш! 17Молете постојано! 18Благодарете за сѐ, зашто тоа е Божја волја за вас во Христа Исуса! 19Не гаснете го Духот! Не презирајте ги пророштвата, 21испитувајте сѐ, задржувајте го доброто. 22Воздржувајте се од секоја појава на зло!
Заклучни поздрави и благослов
23А Самиот Бог на мирот да ве освети наполно! И вашиот дух, и душата, и телото да се запазат беспрекорно при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос! 24Верен е Оној, Кој ве повикува и Кој и ќе го направи тоа. 25Браќа, молете и за нас! 26Поздравете ги сите браќа со свет целив! 27Ве заколнувам во Господа, ова писмо да им го прочитате на сите браќа. 28Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вас. Амин!

Селектирано:

1 СОЛУНЈАНИТЕ 5: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се