Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ТИМОТЕЈА 1

1
Вовед
1Павле, апостол на Христа Исуса по повелбата на Бога, нашиот Спасител, и на Христа Исуса, нашата надеж, 2до Тимотеј, вистинското чедо во верата: благодат, милост и мир од Бог Таткото и Христа Исуса, нашиот Господ.
Вистинската наука треба да се чува
3Како што те молев, кога одев во Македонија, да останеш во Ефес, за да им заповедаш на некои да не поучуваат поинаку 4и да не обрнуваат внимание на митови и бескрајни родословија, кои повеќе ги поттикнуваат препирањата, отколку поткрепата на Божјата управа, која е по верата. 5А целта на наредбата е: љубов од чисто срце, и добра совест и нелицемерна вера, 6од што некои откако не ја постигнаа целта, застранија во празни зборови - 7сакајќи да бидат учители на Законот, иако не го разбираат ни она што го зборуваат, ни она што го тврдат упорно. 8Ние пак знаеме дека Законот е добар, ако некој го применува законски, 9знаејќи го ова: дека законот не е воспоставен за праведникот, туку за беззакониците и непокорните, за безбожниците и грешниците, за несветите и нечистите, за убијците на татковци и убијците на мајки; за оние кои убиваат луѓе; 10за блудниците - и за мажи кои се полово изопачени, за трговците со робови, за лажливците, за лажнозаколнувачите и за сѐ друго што ѝ е противно на здравата наука, 11според славното Евангелие на блажениот Бог, кое ми е доверено мене.
12Му благодарам на Христа Исуса, нашиот Господ, Кој ми даде сила за тоа, зашто ме сметаше верен и ме постави на служба, 13мене, кој порано бев хулител, и гонител, и насилник. Но добив милост, зашто го правев тоа од незнаење и неверување. 14А благодатта на нашиот Господ, со верата и љубовта изобилуваше во Христа Исуса. 15Верно е словото и достојно - за полно примање: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, од кои сум прв јас. 16А добив милост токму затоа, за да ја покаже Христос Исус, прво во мене, сета своја трпеливост, за пример на оние, кои ќе веруваат во Него за вечен живот. 17На Царот на вековите - бесмртниот, невидливиот, единствениот Бог - чест и слава во сите векови Амин!
18Оваа заповед ти ја предавам, чедо Тимотеј, согласно поранешните пророштва за тебе: за да војуваш добра војна, 19имајќи вера и добра совест, кои некои ја отфрлија и претрпеа бродолом на верата. 20Меѓу нив се Именеј и Александар, кои ги предадов на сатаната, за да научат да не хулат.

Селектирано:

1 ТИМОТЕЈА 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се