2 КОРИНТЈАНИТЕ 11
11
1Ох, кога би сте можеле да истрпите малку безумие од моја страна!
Но, вие и ме трпите! 2Зашто, ревнувам за вас со Божја ревност; бидејќи ве свршив со еден маж, за да ве приведам како чиста девица пред Христа. 3Но се плашам, како што змијата ја измами Ева со своето лукавство, така и вашите мисли да не се одвратат од простодушноста и од чистата верност во Христа. 4Зашто, ако некој дојде да ви проповеда друг Исус, кого ние не го проповедавме; или ако примате друг дух, кого не го примивте; или друго евангелие, кое не сте го примиле, вие сепак би сте го трпеле тоа. 5Имено, мислам дека во ништо не сум помал од најпрвите апостоли. 6Ако сум и невешт во говорот, не сум во знаењето, тоа ви го покажавме во сѐ и сешто. 7Грев ли сторив понижувајќи се самиот, за да ве издигнам вас, кога без награда ви го проповедав Божјото Евангелие? 8Ограбив други цркви, примајќи од нив плата, за да ви служам вам. И кога бев при вас, и кога бев во беда, никому не му бев на товар; 9зашто за моите потреби дадоа браќата, кои дојдоа од Македонија. И се пазев во сѐ, и ќе се пазам, да не ви бидам товар. 10Христовата вистина е во мене, и оваа пофалба за мене нема да биде ограничена во ахајските краишта! 11Зошто? Затоа ли што не ве љубам? Бог знае! 12А она што го правам, ќе го правам и во иднина, за да го пресечам поводот на оние, кои бараат повод, за да се покажат како нас во она во што се фалат. 13Зашто таквите луѓе се лажни апостоли, измамливи работници кои се преправаат во Христови апостоли. 14И не е чудно, зашто самиот сатана се преправа во ангел на светлината. 15Тогаш, не е ништо големо, ако и неговите слуги се преправаат во слуги на правдата. Но нивниот крај ќе им биде според нивните дела.
16Велам пак: никој да не ме смета за безумен, ако пак ме смета како таков, примете ме како безумен, за да се пофалам и јас малку. 17А она што го зборувам сега, не го зборувам по Господа, туку како во безумство, во смелоста на фалењето. 18И кога веќе мнозина се фалат по тело, и јас ќе се фалам; 19зашто вие, кои сте мудри, со задоволство ги трпите безумните! 20Имено, трпите: ако некој ве заробува, ако некој ве јаде, ако некој ве ограбува, ако некој се возвишува себеси, ако некој ве удира по лице. 21Зборувам за срам, како да бевме слаби во тоа. Но ако е некој смел во нешто (зборувам по безумство) и јас сум смел. 22Евреи ли се? И јас сум. Израелци ли се? И јас сум. Авраамово потомство ли се? И јас сум. 23Христови служители ли се? Зборувам во безумство. Јас сум уште повеќе. Повеќе се трудев, повеќепати бев во темници, бев биен премногу; многупати во смртни опасности. 24Од Јудејците примив петпати по четириесет удари без еден. 25Трипати бев бичуван, еднаш каменуван, трипати доживеав бродолом; ноќ и ден поминав на длабоко море. 26Често патував: бев во опасности од реки, во опасности од разбојници, во опасности од сонародници, во опасности од народи; во опасности во град, во опасности во пустина, во опасности по море, во опасност меѓу лажни браќа, 27во труд и тешкотија, многупати во неспиење, во глад и жед, во многу постење, на студ и во голота; 28посебно, преку сѐ тоа што секојдневно напаѓа на мене - грижата за сите цркви. 29Кој е слаб, а и јас да не сум слаб? Кој се соблазнува, а јас да не согорувам? 30Ако треба да се фалам, ќе се фалам со своите слабости. 31Бог и Таткото на нашиот Господ Исус, Кој е благословен довека, знае дека не лажам. 32Во Дамаск, намесникот на царот Арета, го чуваше Дамаскиот град, сакајќи да ме фати, 33и ме спуштија низ прозорец, во кош преку ѕидот, и избегав од неговите раце.
Селектирано:
2 КОРИНТЈАНИТЕ 11: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: