Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 КОРИНТЈАНИТЕ 2

2
1Затоа го решив ова во себеси: за да не доаѓам при вас пак во жалост. 2Зашто, ако јас ве жалостам, тогаш кој ќе ме развеселува мене; ако не оној, кого јас го ожалостувам? 3И точно тоа ви го пишував, за да не бидам, кога ќе дојдам ожалостен од оние, кои би требало да ме радуваат; уверен во сите вас, дека мојата радост е радост и на сите вас. 4Зашто, ви пишував во голема тага и при тешкотија на срцето, и со многу солзи, не за да ве ожалостам, туку за да ја запознаете големата љубов, што ја имам кон вас. 5Ако некој ме ожалостил, не ме ожалостил мене, - туку - во извесна смисла, да не претерувам, сите вас. 6На таквиот му е доста казната од мнозинството, 7така што вие треба побргу да му простите и да го утешите, за да не падне преголема жалост на него. 8Затоа ве молам да покажете љубов кон него. 9Бидејќи, затоа и ви напишав, за да ве испитам дали сте послушни во сѐ. 10А кому ќе му простите нешто вие, нему му проштавам и јас. Зашто, ако сум и простил нешто јас, доколку сум простил, сум простил заради вас во лицето на Христа; за да не земе сатаната предимство над нас; 11зашто не ни се непознати неговите намери.
12Кога дојдов во Троада да го проповедам Христовото Евангелие, и кога ми се отвори вратата во Господа, 13немав мир во својот дух, зашто не го најдов својот брат Тит, и затоа откако се простив од нив, отидов во Македонија.
14Но, да Му благодариме на Бога, Кој секогаш нѐ води во Неговата победа во Христа, и на секое место, преку нас, го шири мирисот на Своето познавање; 15зашто, ние сме пред Бога Христов пријатен мирис меѓу оние, кои се спасуваат, и меѓу оние, кои загинуваат; 16на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. И кој е способен за сѐ ова? 17Зашто, ние не го изопачуваме Божјото слово, како што мнозина го прават тоа, туку зборуваме искрено, како од Бога пред Бога во Христа.

Селектирано:

2 КОРИНТЈАНИТЕ 2: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се