2 СОЛУНЈАНИТЕ 2
2
За Второто Христово доаѓање и за антихристот
1Ве молиме, браќа, во однос на доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и за нашето собирање заедно при Него, 2не дозволувајте брзо да се поколебате во разумноста, ниту да се исплашите ни од дух, ни од слово, ни од послание, како да е од нас испратено, како веќе да настапил Господовиот Ден! 3Никој да не ве измами ниту по каков начин, зашто тоа не ќе се случи додека првин не дојде отпаѓањето и не се појави човекот на беззаконието, синот на погибелта, 4кој се противи и се воздига над сѐ што се наречува Бог или светина, така што ќе седне во Божјиот храм и ќе се претставува себеси дека тој е Бог. 5Не помните ли дека ви го зборував ова уште кога бев кај вас? 6И сега знаете што го задржува за да се појави тој допрва во свое време. 7Зашто, тајната на беззаконието веќе дејствува, само да се отстрани од средината оној, кој сега ја задржува 8и тогаш ќе се јави беззаконикот кого Господ ќе го убие со здивот на Својата уста и ќе го уништи со појавата на Своето доаѓање. 9Тоа е оној, чие доаѓање е според сатанското дејствување, со секаква сила, и со чудесни знаци и со лажни чуда, 10и со секаква неправедна измама, за оние кои загинуваат, зашто не ја примија љубовта кон вистината за да се спасат. 11И затоа Бог ќе им испрати заблудна дејност за да ѝ веруваат на лагата, 12та да бидат осудени сите, кои не поверуваа на вистината, а имаа задоволство во неправдата.
Вие сте избрани за спасение
13А ние сме должни секогаш да Му благодариме на Бога за вас, браќа, од Господ возљубени, зашто Бог ве избра од почеток за спасение, преку осветувањето на Духот и вера во вистината, 14на кое ве призва преку нашето Евангелие, за да ја добиете славата на нашиот Господ Исус Христос. 15Тогаш, браќа, стојте цврсто и држете ги преданијата што ги научивте од нас, било преку слово или преку наше послание. 16А Самиот Господ наш Исус Христос и Бог нашиот Татко, Кој нѐ возљуби нас и ни даде вечна утеха и добра надеж по благодатта 17да ги утеши вашите срца и да ве утврди во секое добро дело и слово!
Селектирано:
2 СОЛУНЈАНИТЕ 2: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: