ДЕЛА 15
15
Апостолски собор во Ерусалим
1А некои дојдоа од Јудеја, и ги учеа браќата: „Ако не се обрежете според Мојсеевиот обичај, не можете да се спасите.“ 2А кога Павле и Варнава се впуштија во не мала расправа со нив, определија Павле и Варнава и уште некои од нив, да се искачат во Ерусалим, при апостолите и старешините заради тоа прашање. 3И така, испратени од црквата, поминаа низ Феникија и Самарија, раскажувајќи за обратувањето на народите, и правејќи им голема радост на сите браќа. 4Кога стигнаа во Ерусалим, беа примени од црквата, од апостолите и старешините; и раскажаа сѐ што направил Бог со нив. 5Тогаш станаа некои од фарисејската следба, кои поверуваа, и рекоа, дека треба да бидат обрезани и да им се нареди да го пазат Мојсеевиот Закон.
6Апостолите и старешините се собраа да ја разгледаат таа работа 7и бидејќи настана големо расправање, Петар стана и им рече: „Мажи, браќа! Вие знаете дека Бог веќе од првите денови ме избра меѓу вас, за да го чујат народите од мојата уста словото на Евангелието и да поверуваат. 8И Бог, Кој ги познава срцата, посведочи на нив, кога им Го даде Светиот Дух, како и нам. 9И не постави никакви разлики меѓу нас и нив, зашто преку вера ги очисти нивните срца. 10Зошто сега Го искушувате Бога, ставајќи им на вратот на учениците јарем, кого ни нашите татковци ни ние не можевме да го носиме? 11Но ние веруваме дека ќе се спасиме исто како и тие, преку благодатта на Господа Исуса.“ 12Тогаш замолкна целото множество и ги слушаа Варнава и Павла, кои раскажуваа колку чуда и знаци направи Бог, преку нив, меѓу народите.
13Кога тие свршија да зборуваат, проговори Јаков и рече: „Мажи браќа, послушајте ме! 14Симон ви кажа како Бог, најпрво, се погрижи да си земе луѓе од народите за Своето име. 15И со тоа се слагаат пророчките зборови, како што е напишано: 16’После ова ќе се вратам и пак ќе го изградам Давидовиот дом, кој падна; и пак ќе ги изградам неговите урнатини, и пак ќе го подигнам; 17за да Го побараат Господа другите луѓе и сите народи, кои се наречуваат со Моето име, говори Господ, Кој ги прави овие работи. 18Познати Му се на Бога сите Негови дела од вечноста.’ 19Затоа сум на мнение дека не треба да ги вознемируваме оние, кои од многубошците Му се обраќаат на Бога; 20туку да им се напише да се воздржуваат од она, што е онечистено од идолите, од блудство, од удавено и од крв. 21Зашто Мојсеј има проповедници, од дамни времиња, во секој град: го читаат во синагогите, секоја сабота.“
22Тогаш апостолите и старешините, со целата црква, одлучија да изберат меѓу себе некои луѓе и да ги испратат со Павла и Варнава во Антиохија: Јуда, наречен Варсава, и Сила, водечки луѓе меѓу браќата, 23и по нив го испратија ова писмо: „Апостолите и старешините, ваши браќа, ги поздравуваат браќата од народите во Антиохија, Сирија и Киликија! 24Бидејќи чувме дека некои од нас, на кои ништо не им заповедавме ве збуниле со зборови и ги смутиле вашите души, 25одлучивме еднодушно да избереме мажи и да ги пратиме при вас, со нашите возљубени Павле и Варнава, 26со луѓето, кои ги предадоа своите души за нашиот Господ Исус Христос. 27И така, ви ги испраќаме Јуда и Сила, кои ќе ви го соопштат и усно истово. 28Имено, Светиот Дух и ние одлучивме да не ставаме на вас никакво друго бреме, освен овие потребни работи: 29да се воздржувате од жртвуваното на идолите, од крв, и од удавено и од блудство; ако се пазите од тоа, добро ќе направите. Бидете здрави!“
30И така пратените слегоа во Антиохија, го собраа народот и го предадоа писмото. 31А кога го прочитаа, се зарадуваа на утехата. 32Јуда пак и Сила, кои и самите беа пророци, ги тешеа и ги утврдуваа браќата со многу зборови. 33И откако поминаа таму некое време, браќата ги испратија со мир при оние, кои ги беа пратиле. 34Сила пак одлучи да остане таму. 35А Павле и Варнава останаа во Антиохија, каде заедно со многу други поучуваа и го проповедаа Господовото слово.
Второ Павлово мисионерско патување
36По неколку дена Павле му рече на Варнава: „Да се вратиме пак и да ги посетиме браќата по сите градови, каде го проповедавме Господовото слово, за да видиме како се!“ 37А Варнава сакаше да го поведат со себе и Јована, наречен Марко. 38А Павле сметаше дека не треба да го водат оној, кој се одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив на дело. 39И дојде до расправа, така што се разделија еден од друг. Варнава го зеде со себе Марка и отплови за Кипар; 40а Павле го избра Сила и тргна, предаден од браќата на Господовата благодат.
Од Антиохија до Троада
41И поминуваше низ Сирија и Киликија и ги утврдуваше црквите.
Селектирано:
ДЕЛА 15: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: