Зашто на сите жители на Ерусалим им е познато дека значајно чудо се случи преку нив, а ние не можеме да го одречеме. Но за да не се разгласи и натаму по народот, да им се заканиме, да не му зборуваат веќе никому во тоа име!“ Тогаш ги повикаа внатре и им заповедаа воопшто да не зборуваат, ниту да поучуваат во Исусово име. Но Петар и Јован им рекоа во одговор: „Право ли е пред Бога, да ве слушаме вас повеќе отколку Бога! Судете! Зашто, ние не можеме да не зборуваме за она, што сме го виделе и чуле.“
Прочитај ДЕЛА 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: ДЕЛА 4:16-20
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа