ДЕЛА 4
4
Апостолите пред Синедрионот
1Додека тие уште му зборуваа на народот, пристапија при нив свештениците, и управителот на Храмот и садукеите, 2вознемирени поради тоа што го поучуваат народот и проповедаат воскресение на мртвите во Исуса. 3И ставија раце врз нив и ги фрлија во темницата, до идниот ден, зашто веќе беше вечер. 4А мнозина од оние, кои го чуја словото, поверуваа, така што бројот на мажите се зголеми до пет илјади. 5А утреден се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците, 6и првосвештеникот Ана, и Кајафа, и Јован, и Александар, и колку што ги имаше од првосвештеничкиот род. 7И кога ги поставија на средина ги прашаа: „Со каква сила, или во чие име, го направивте тоа?“ 8Тогаш Петар, исполнет со Светиот Дух, им рече: „Народни началници и старешини! 9Ако денес нѐ испитувате за доброто дело направено на еден болен, од што е тој исцелен, 10тогаш да знаете сите вие и сиот Израелски народ: дека во името на Исуса Христа Назареецот, Кого вие Го распнавте, а Кого Бог Го воскресна од мртвите, преку Него овој човек стои здрав пред вас. 11Тој е каменот што вие, ѕидарите, го отфрливте, а кој стана глава на аголот. 12Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.“
13Кога ја видоа Петровата и Јовановата смелост и забележија дека се некнижевни и неуки луѓе; се чудеа; ги препознаа дека беа со Исуса, 14но го гледаа исцелениот човек, како стои со нив, па немаа што да им приговорат. 15Им наредија да излезат од Синедрионот и почнаа да се советуваат меѓу себе: „Што да правиме со овие луѓе? 16Зашто на сите жители на Ерусалим им е познато дека значајно чудо се случи преку нив, а ние не можеме да го одречеме. 17Но за да не се разгласи и натаму по народот, да им се заканиме, да не му зборуваат веќе никому во тоа име!“ 18Тогаш ги повикаа внатре и им заповедаа воопшто да не зборуваат, ниту да поучуваат во Исусово име. 19Но Петар и Јован им рекоа во одговор: „Право ли е пред Бога, да ве слушаме вас повеќе отколку Бога! Судете! 20Зашто, ние не можеме да не зборуваме за она, што сме го виделе и чуле.“ 21И бидејќи не најдоа пат и начин како да ги казнат, им се заканија уште еднаш и ги пуштија поради народот, зашто сите Го славеа Бога, за она што се случи. 22Човекот, над кого се случи ова чудо на исцелување, имаше повеќе од четириесет години.
Молитва на црквата за апостолите
23Штом беа пуштени на слобода, дојдоа при своите и им кажаа сѐ што им рекоа свештеничките главатари и старешините. 24А тие, кога го чуја тоа, еднодушно го подигнаа гласот кон Бога и рекоа: „Господаре! Ти си Бог Кој ги создаде небото и земјата, морето и сѐ што се наоѓа во нив! 25Ти, преку Светиот Дух, со устата на Својот слуга Давид рече: ‘Зошто се бунат народите, и зошто племињата замислуваат празни работи? 26Се дигнаа земските цареви, а кнезовите се здружија против Господа и против Неговиот Помазаник - Христос.’ 27Навистина се здружија во овој град Ирод и Понтие Пилат, заедно со народите и со израелските племиња, против Твоето Свето Дете Исус, Кого си Го помазал, 28за да го направат она што Твојата сила и Твојата волја, однапред, го определила да се збидне. 29А сега, Господи, погледај на нивните закани, и дај им на Твоите слуги да го проповедаат Твоето Слово сосем смело, 30протегнувајќи ја при тоа Твојата рака, за да стануваат исцелувања и знаци, и чудеса, преку името на Твоето Свето Дете Исус!“ 31А кога се помолија, се стресе местото каде што беа собрани. И сите се исполнија со Светиот Дух и смело го проповедаа Божјото Слово.
Заедница на љубов и општ имот
32А множеството на оние, кои поверуваа, имаше едно срце и една душа, и никој не велеше дека нешто од неговиот имот е негово, туку сѐ им беше општо. 33Апостолите сведочеа многу силно за воскресението на Господа Исуса и голема благодат беше над сите нив. 34И никој меѓу нив не беше во скудност, зашто сите, кои имаа ниви и куќи, ги продаваа, а цената на продаденото ја донесуваа и ја ставаа пред нозете на апостолите. 35И секому му се даваше колку кому му беше потребно. 36А Јосиф кого апостолите го нарекоа Варнава - што значи Син на утехата - левит, родум од Кипар 37имаше нива, што ја продаде, а сребрениците ги донесе и ги положи пред нозете на апостолите.
Селектирано:
ДЕЛА 4: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: