АМОС 5
5
Г. Господов плач по Израелев дом
1Чујте го ова слово што го изнесувам против вас, тажачката, Израелев доме: 2Падна и веќе не стана израелската девица. Таа лежи на своја земја, и нема никој да ја дигне. 3Зашто Господ Бог му зборува вака на Израелевиот дом: „Во градот од кој излегуваа илјада, ќе останат сто, од кој излегуваа сто, ќе останат десет.“
Д. Повик кон покајание
4Зашто Господ му зборува вака на Израелевиот дом: „Барајте Ме Мене и ќе живеете. 5Не барајте го Ветил, не одете во Галгал, не патувајте во Вирсавеа, зашто Галгал ќе биде одведен во ропство, а Ветил ќе се претвори во ништо. 6Барајте Го Господа и ќе живеете, или како оган ќе ја зафати Јосифовата куќа и ќе ја изгори, а во Ветил не ќе има никој да го угасне пламенот. 7Тешко им на оние кои ја претворуваат правдата во пелин, кои ја фрлаат чесноста во прав!“ 8Тој ги направи Плеадите и Орион, Тој го обрнува мракот во зора, а денот во најгуста ноќ. Тој ги повикува морските води и ги излева преку лицето на земјата. Господ Му е името. 9Одненадеж ѝ праќа гибел на крепоста и ѝ носи пропаст на тврдината. 10Го мразат човекот што дели правда при вратата, и го корат оној што зборува чесно. 11Затоа, бидејќи го угнетувате сиромашниот, истргнувајќи од него данок во жита, во куќите што ги создадовте од делкан камен никогаш не ќе живеете; од пријатните лозја што ги посадивте никогаш не ќе пиете вино. 12Зашто знам многу ваши злостори, и вашите преголеми гревови. Го угнетувате праведникот и примавте поткуп, одбивајќи го сиромашниот при градската врата. 13Мудрецот молчи во ова време, зашто времињата се толку лоши. 14Барајте го доброто, а не злото, за да живеете, и за да биде Господ, Бог над Воинствата, навистина со вас како што велите дека е. 15Мразете го злото, љубете го доброто, пазете ја правината, при градската врата, па можеби Господ, Бог над Воинствата, ќе му се смилува на Јосифовиот остаток. 16Затоа Господ зборува вака, Бог над Воинствата, Господ: „На секоја улица ќе има плач: По сите патишта ќе викате: ‘Леле! Леле!’ Ќе ги повикаат земјоделците за да лелекаат, тажачите за да тажат, 17ќе има плач во секое лозје, зашто ќе поминам сред тебе,“ говори Господ.
Ѓ. Двојно тешко за Израел
1. Преселување во Дамаск
18Тешко ви вам што копнеете по Господовиот ден! Што ќе ви биде Господовиот ден? Темнина, а не светлина. 19Ќе ви биде како на оној што ѝ избега на лавската уста, а мечката го сретна; како оној што влезе во куќа и ја стави раката на ѕид, а змија го касна. 20Не ќе ли биде Господовиот ден темнина, а не светлина? Мрак, а не сончев блесок? 21„Ги мразам и ги презирам вашите празници и веќе не ми се мили вашите свечености. 22Кога ми принесувате паленици, вашите лебни приноси не Ми се мили, на жртвата благодарница од вашите згоени телиња и не погледнувам. 23Отстранете го од Мене шумот на своите песни, не сакам да ги слушам звуците на вашите псалтири. 24Правдата нека потече како вода, и справедливоста како силна буица. 25Дали Ми принесувавте жртви и приноси во пустината четириесет години, Израелев доме? 26Ќе го носите Сикут, својот цар, и Кеван, својот бог, ѕвездата на твоите богови, што си ги направивте за себе. 27Затоа ќе ве преселам во Дамаск,“ зборува Господ; Бог над Војските е името Негово.
Селектирано:
АМОС 5: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: