АМОС 7
7
СЕДУМ ВИДЕНИЈА НА СУДОТ ШТО ДОАЃА И БЛАГОСЛОВИ ШТО СЛЕДАТ ПО НЕГО
7:1-9:15
А. Видение: скакулци
1Еве што ми покажа Господ Бог: ете, создаде скакулци кога прекосот почна да никнува, прекосот по главното косење. 2Кога го изедоа сиот земјин посев, реков: „Господи Боже, прости, Те молам! Како ќе преживее Јаков онолку мал?“ 3И Господ се нажали за тоа: „Не ќе биде,“ рече Господ.
Б. Видение: оган што голта бездна
4Еве што ми покажа Господ Бог: ете, Господ Бог го повика огнот да казнува; веќе ја изеде големата бездна и токму почна да го голта полето. 5А јас реков: „Застани, Господи Господи, Те молам! Како ќе преживее Јаков онолку мал?“ 6И Господ се нажали за тоа: „Ни ова не ќе биде,“ рече Господ Бог.
В. Видение: градежнички висулец
7Еве што ми покажа Господ, Господ: ете, човек стои на ѕидот во раката му е висулец. 8„Што гледаш Амосе?“ праша Господ. „Висулец,“ реков. Тогаш Господ рече: „Еве ќе го измерам со висулецот Мојот Израелски народ; не ќе го штедам веќе. 9Ќе ги разурнат Исаковите високи места, ќе запустат израелските светилишта, и со меч ќе станам против Еровоамовата куќа.“
Г. Препирка со свештеник Амасиј
10Амасиј, ветилскиот свештеник, му порача на израелскиот цар Еровоам: „Амос се завери против тебе сред Израелевиот дом; земјата веќе не ќе може да ги поднесува неговите зборови. 11Зашто тој зборува вака: ‘Еровоам ќе загине од меч, а Израел од својата земја ќе биде одведен на заточение.’“ 12Амасиј му рече на Амоса: „Оди си гледачу! Бегај во Јудината Земја, таму јади леб и таму пророкувај! 13Ама во Ветил веќе да не пророкуваш, зашто ова е царско светилиште, царски дом.“ 14„Не бев пророк ни пророчки син - му одговори Амос на Амасија - бев сточар и одгледував диви смокви: 15Но Господ ме зеде од стадото и Господ ми рече: ‘Оди пророкувај му на Мојот народ Израел.’ Сега чуј го Господовото слово: Ти велиш: 16‘Не пророкувај против Израел, не пророкувај против Исаковиот дом.‘ 17Затоа Господ зборува вака: ‘Твојата жена ќе блудствува по градот, твоите синови и ќерки ќе паднат од меч, твојата земја ќе биде поделена со јаже, ти ќе умреш на нечиста земја, а Израел ќе отиде во заточение од својата земја.’“
Селектирано:
АМОС 7: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: