КОЛОСЈАНИТЕ 3
3
Живот во Христов Дух
1И така, ако воскреснавте со Христа, барајте го она што е горе - каде што Христос седи оддесно на Бога. 2Мислете за она што е горе, не за она што е на земјата, 3зашто вие умревте и вашиот живот е сокриен со Христа во Бога! 4А кога ќе се јави Христос, нашиот живот, тогаш и вие ќе се јавите со Него во слава.
5И така, умртвете ги своите членови што се на земјата: блудството, нечистотата, страста, лошата желба и лакомството, што е идолопоклонство, 6заради кои доаѓа Божјиот гнев на непослушните синови. 7Меѓу кои и вие некогаш одевте, кога живеевте во нив. 8Но сега, отфрлете го и вие сѐ ова: гневот, јароста, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста. 9Не лажете се еден друг, зашто го соблековте стариот човек со неговите дела 10и облековте нов, кој се обновува во полно познавање по образот на Оној, Кој го создал, 11каде нема веќе Грк ни Јудеец, обрезание и необрезание, варварин, Скит, роб, слободен, туку Христос е сѐ и во сѐ.
12И така, облечете се како Божји избраници, свети и возљубени, во милосрдно срце, благост, смиреност, кротост трпеливост! 13Трпете се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого, како што и Господ ви прости вам, така проштавајте и вие! 14А над сето тоа облечете се во љубов, која сврзува сѐ во совршенство! 15И Христовиот мир да владее во вашите срца, за кого сте и повикани во едно тело; и бидете благодарни! 16Христовото слово да живее изобилно во вас; во секоја мудрост учете се и опоменувајте се еден друг со псалми, химни, духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодат во вашите срца. 17И сѐ што правите со збор или дело, правете сѐ во името на Господа Исуса, благодарејќи Му на Бог Таткото преку Него.
Христијански меѓусебни должности
18Жени, покорувајте им се на своите мажи, како што прилега во Господа! 19Мажи, љубете ги своите жени и не бидете груби кон нив. 20Деца, слушајте ги вашите родители во сѐ, зашто тоа Му е угодно на Господа! 21Татковци, не ги дразнете своите деца, за да не станат малодушни! 22Робови, слушајте ги во сѐ своите земни господари, не за очите како оние, кои им угодуваат на луѓето, туку во простотата на срцето, боејќи се од Господа! 23Што и да правите, правете го од душата како за Господа, а не за луѓе, 24знаејќи дека од Господа ќе ја примите наградата на наследството. Служете Му на Господа Христа! 25Зашто, кој прави неправда, ќе ја прими обратно неправдата, и не се гледа кој е кој.
Селектирано:
КОЛОСЈАНИТЕ 3: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: