ДАНИЕЛ 4
4
Г. Растројство на Навуходоносоровиот ум
1. Страшен сон
1Навуходоносор, цар на сите племиња, народи и јазици по сета земја: „Да изобилувате со мир!
2Ми се допадна да ви ги откријам знаците и чудесата што Сѐвишниот Бог ги направи врз мене. 3Колку се големи Неговите знакови! Колку се силни Неговите чудеса! Неговото Царство - е вечно Царство! Неговата власт е за сите поколенија!
4Јас, Навуходоносор, живеев мирно во својата куќа и среќно во својот дворец, 5кога видов сон што ме исплаши. Привидите и виденијата што се мотаа во мојата глава, на моето легло ме возбудија. 6И наредив: да ми ги повикаат сите гаталци вавилонски за да ми кажат што означува сонот. 7Тогаш дојдоа јасновидците, маѓепсниците, Халдејците и гледачите и јас им го кажав својот сон, а тие не знаеја да ми го кажат неговото значење.
2. Навуходоносор му го раскажува сонот на Даниел
8Тогаш пред мене дојде Даниел, кој е наречен Валтазар според името на мојот бог, и во кого живее Духот на Светиот Бог. Јас му го раскажав својот сон: 9‘Валтазаре, старешино на гаталците, знам дека во тебе живее Духот на Светиот Бог и дека ниедна тајна не ти е претешка: еве го сонот што го имав: дај ми го неговото значење. 10Еве го привидот што ми се моташе во главата на постелата: Погледнав, кога ете едно дрво сред земјата многу високо. 11Дрвото порасте, стана силно, височината му стигна до небото, се гледаше од краиштата на земјата. 12Неговата круна беше убава, плодовите изобилни; на него имаше храна за сите, во неговата сенка се одмораа полските ѕверови, врз неговите гранки небесните птици, и секое тело се хранеше од него. 13Јас ги набљудував виденијата што ми се мотаа во главата на мојата постела кога, ете, Стражар, Светец, слегува од небото, 14вика со силен глас: „Пресечете го дрвото, искастрете му ги гранките, скинете му ги лисјата, расфрлете ги плодовите! Животните нека се разбегаат од под него и птиците од неговите гранки! 15Во земјата оставете ги пенушките и корењата во железни и бронзени окови, во полската трева! Нека го мие небесната роса, и земната трева нека ја дели со полските ѕверови! 16Човечкото срце нека му се смени, нека му се даде животинско срце! Седум времиња нека поминат над него! 17Така пресудија стражарите, така одлучија светите, за да запознае сѐ живо дека Сѐвишниот има власт над човечкото царство, Тој го дава кому што сака и го поставува над него најништожниот од луѓето!“ 18Ова е сонот што го видов јас, царот Навуходоносор. А ти, Валтазаре, кажи ми го неговото значење, зашто ниеден од мудреците на моето царство не може да ми го каже тоа; ти можеш, зашто во тебе е Духот на Светиот Бог.’“
3. Даниел го толкува сонот
19Тогаш Даниел, наречен Валтазар, во миг се смаја и се исплаши во своите мисли. Царот рече: „Валтазаре, не се збунувај од овој сон и од неговото значење!“ Валтазар одговори: „Господару мој, овој сон нека им биде на твоите непријатели, и неговото значење на твоите мразители! 20Дрвото што си го видел, големо е и силно кое стигнува сѐ до небото и се гледа по сета земја, 21со убава круна и со изобилни плодови, на кои имаше храна за сите, и под кое се одморуваа полските ѕверови, а на неговите гранки се гнездеа небесните птици: 22тоа си ти, о цару, кој си голем и силен, величината ти се зголемила и стигнала до небото, а твојата власт до краиштата на земјата. 23А тоа што царот виде како Стражар, Светец, слегува од небото та зборува: ‘Пресечете го дрвото, раздробете го, но неговата пенушка и корењата оставете ги во земјата, во железни и бронзени окови, во полската трева нека го мие небесната роса и делот нека му биде со полските ѕверови додека не поминат седум времиња над него’ - 24ова е значењето, о цару, одлуката на Сѐвишниот што ќе се исполни врз мојот господар цар: 25Ќе те протерат од друштвото на луѓето, и ќе престојуваш со полските животни; ќе се храниш со трева како говедата, тебе ќе те мие небесната роса; седум времиња ќе поминат над тебе додека не познаеш дека Сѐвишниот има власт над човечкото царство и дека го дава кому што Тој сака. 26А што е речено: ‘Оставете ги пенушката и корењата’ - твоето царство ќе се обнови штом ќе сознаеш дека небесата ја имаат сета власт. 27Затоа, цару, мојот совет нека ти биде мил: искупи ги своите гревови со правда и своите беззаконија со милосрдие спрема бедните, за да ти продолжи мирот.“
4. Казнување на цар заради гордост
28Сѐ тоа му се случи на царот Навуходоносор. 29Дванаесет месеци подоцна, шетајќи по вавилонскиот царски дворец, 30царот велеше: „Не е ли тоа големиот Вавилон што јас го изградив за да ми биде царска престолнина - со силата на својата моќ, за слава на моето величество?“ 31Уште тие зборови беа во неговата уста кога дојде глас од небото: „Тебе ти се објавува, цару Навуходоносору: царството ти е одземено; 32ќе бидеш протеран од друштвото на луѓето ќе престојуваш со полските животни; ќе се храниш со трева како говедата, и седум времиња ќе поминат над тебе додека не сознаеш дека Сѐвишниот има власт над човечкото царство и дека Тој го дава кому што сака.“ 33И веднаш словото се изврши над Навуходоносора: беше протеран од човечкото друштво, јадеше трева како говедата го переше небесната роса; влакната му пораснаа како во лав, а неговите нокти како птичји канџи.
5. Царево покајување и исцелување
34Откако се исполнија одредените денови, јас, Навуходоносор, ги подигнав очите кон небото, разумот ми се врати, тогаш Го благословив Сѐвишниот, фалејќи Го и возвишувајќи Го Оној Кој живее довека: Неговото Царство е - Вечно Царство, Неговата власт е за сите поколенија. 35Жителите на земјата - се како ништо; Тој постапува според Својата волја со небесната војска и со земните жители. Никој не може да ја запре Неговата рака или да Му рече: „Што правиш?“ 36Во истиот час ми се врати разумот, и за слава на мојата царска чест ми се вратија величеството и сјајот; моите советници и големци ме побараа, бев воспоставен во царска чест, и моето величество уште порасте. 37Сега јас, Навуходоносор, Го фалам, Го возвишувам, и Го славам Небесниот Цар, чии сите дела се вистина, сите патиша правда, и Кој може да ги понижи оние кои одат во гордост.
Селектирано:
ДАНИЕЛ 4: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: