Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПРОПОВЕДНИК 5:1-7

ПРОПОВЕДНИК 5:1-7 MKB

Не избрзувај со својата уста и срцето да не брза со зборови пред Бога, зашто Бог е на небото, а ти си на земјата; затоа штеди ги своите зборови. Сонот доаѓа од многу грижи, а лудиот говор од многу зборови. Кога ќе му заветуваш нешто на Бога, исполни го тоа веднаш, зашто Нему не Му се мили безумниците. Затоа исполни го секој свој завет. Подобро е да не се заветува отколку да се заветува, а да не се исполни заветот. Не дозволувај ѝ на својата уста да ти наведе телото на грев, и не вели подоцна пред ангелот дека било грешка. Зошто да Му се дава прилика на Бога да се разгневи на твојот збор и да го уништи делото на твоите раце? Зашто колку повеќе соништа и зборови; толку повеќе и суети. Ако видиш дека го угнетуваат сиромавиот и дека ги газат правдата и судот во земјата, не чуди се на тоа, зашто над високиот набљудува повисокиот, а над него највисокиот.