ПРОПОВЕДНИК 5
5
1Не избрзувај со својата уста и срцето да не брза со зборови пред Бога, зашто Бог е на небото, а ти си на земјата; затоа штеди ги своите зборови.
2Сонот доаѓа од многу грижи, а лудиот говор од многу зборови.
3Кога ќе му заветуваш нешто на Бога, исполни го тоа веднаш, зашто Нему не Му се мили безумниците. Затоа исполни го секој свој завет. 4Подобро е да не се заветува отколку да се заветува, а да не се исполни заветот. 5Не дозволувај ѝ на својата уста да ти наведе телото на грев, и не вели подоцна пред ангелот дека било грешка. Зошто да Му се дава прилика на Бога да се разгневи на твојот збор и да го уништи делото на твоите раце?
6Зашто колку повеќе соништа и зборови; толку повеќе и суети.
Затоа бој се од Бога.
5. Угнетување на беден
7Ако видиш дека го угнетуваат сиромавиот и дека ги газат правдата и судот во земјата, не чуди се на тоа, зашто над високиот набљудува повисокиот, а над него највисокиот. 8Ползата од земјата е за сите: и царот зависи од нивите.
6. Богатство и среќа
9Кој ги сака сребрениците, никогаш ги нема достатно; кој го сака богатството, никогаш не му се доста приходите. И тоа е суета.
10Каде се умножува богатството, се умножуваат и тие кои го јадат; па каква полза му е од тоа на господарот, освен да го гледа со очите?
11Сладок е сонот на трудољубивиот, дали јал малку или многу, додека богатството не го остава богатиот да заспие.
7. Богатство и несреќа
12И видов тешко зло под сонцето: собрано богатство што му е на пропаст на својот сопственик. 13Зашто при лоша незгода пропаѓа таквото богатство, па не му останува ништо на синот што му се родил. 14Гол излезе од утробата на својата мајка и така гол и ќе си отиде каков што дојде; ништо нема да понесе од сиот свој труд. 15И тоа е тешко зло зашто си заминува така како што и дошол; па каква му е ползата од тоа што се измачувал за ветер. 16Сите свои денови ги јаде во темнина, во неволја, во грижа, во болест и во гнев.
8. Среќа - Божји дар
17Затоа го заклучувам ова: права среќа за човекот е да јаде и да пие и да биде задоволен со сиот свој труд, со кој се измачува под сонцето за време на краткиот век што му го дал Бог, зашто таква судбина му е дадена во дел. 18Па ако Бог му дал на човекот богатство и имот за да ги ужива и за да биде задоволен со своето дело - и тоа е дар од Бога. 19Зашто тогаш барем не мисли многу на деновите на својот живот, кога Бог му дава да му се весели срцето.
Селектирано:
ПРОПОВЕДНИК 5: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: