ЕСТИРА 9
9
1Во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, месецот адар, кога требаше да биде извршена одредбата на царевиот указ во истиот ден кога непријателите на Евреите се надеваа да завладеат над нив, се случи спротивното: Евреите завладееја над своите непријатели. 2Евреите се собраа по своите градови во сите покраини на царот Ахасвер за да удрат на оние, кои ја бараа нивната пропаст. И никој не се осмели да им пружи отпор зашто сите народи ги опфати страв од Јудејците. 3Сите кнезови на покраините и намесниците, управителите и царевите чиновници ги штитеа Евреите, зашто ги беше опфатил страв од Мардохеја. 4Зашто Мардохеј стана голем во царскиот дворец, и по сите покраини се ширеше гласот дека Мардохеј станува сѐ посилен. 5И така, Евреите удрија со меч по сите свои непријатели, ги исекоа и ги сотреа; со своите мразители постапија како што им се сакаше. 6Само во тврдината Шуша, Евреите погубија и сотреа пет стотини луѓе; 7ги погубија Фарсандат, Далфон, Аспат, 8Порат, Адалиј, Аридат 9Фармаст, Арисај, Аридај, Ваезат, 10и десетте синови на Аман, синот Амедатин, гонител на Евреите. Но не се полакомија по имот.
8. Бесење на десет Аманови синови
11Во истиот ден, откако научи за бројот на убиените во тврдината Шуша, 12царот ѝ рече на царицата Естира: „Во тврдината Шуша, Евреите погубија и уништија пет стотини луѓе и десет Аманови синови. Тогаш, што ли направиле во другите покраини на царството? Која е сега твојата молба? Ќе ти биде послушана! Која е твојата желба? Ќе ти биде исполнета!“ 13„Ако му е по волја на царот - рече Естира - нека им се дозволи на Евреите, кои живеат во Шуша, да го применат уште утре истиот закон како и денес, и нека бидат обесени десетте Аманови синови.“ 14Царот нареди да се направи така: законот беше прогласен во Шуша и беа обесени десетте Аманови синови. 15Така Евреите на Шуша се собраа и во четиринаесеттиот ден на месецот адар погубија во Шуша уште три стотини луѓе. Но ни тогаш не ставија рака за грабеж.
9. Воспоставување на празник Пурим
16Другите Евреи, оние кои живееја во царските покраини се собраа да ги бранат своите животи и мирот од непријателите: погубија седумдесет и пет илјади непријатели. Но ни тогаш не се полакомија по плен. Беше тринаесеттиот ден на месецот адар. 17На четиринаесеттиот ден Евреите мируваа: тоа беше ден на гозба и веселба. 18Евреите во Шуша, кои се собраа во тринаесеттиот и четиринаесеттиот ден, мируваа во петнаесеттиот ден; тоа беше ден на нивната веселба и гозба. 19Затоа Евреите полјани, оние кои живеат во неутврдени села, празнично го прославуваат четиринаесеттиот ден на месецот адар, веселејќи се и гоштевајќи се, и разменувајќи дарови меѓу себе.
ИСПОЛНУВАЊЕ И ПРАВИЛА НА ПРАЗНИК ПУРИМ
9:20-10:3
А. Неменливо воспоставување на Пурим
20Мардохеј ги опиша тие настани и им испрати писма на Евреите во сите блиски и далечни покраини на царот Ахасвер. 21Им наложи да ги прославуваат во секоја година четиринаесеттиот и петнаесеттиот ден на месецот адар. 22како ден во кој Евреите постигнаа спокој од своите непријатели и како месец кој ја претвори нивната тага во радост, а нивното жалење во празник. Нека ги прославуваат со гозба и со веселба, разменувајќи дарови меѓу себе и делејќи им поклони на бедните.
23Евреите прифатија да го пазат она што веќе сами од себе почнаа да го прославуваат и за што им пишуваше Мардохеј: 24„Аман, синот Амедатин, Агагеец, гонител на Евреите, кога науми да ги уништи сите, фрли „Пур“, односно жрепка, за нивното погубување и истребување; 25но кога царот научи за неговата замисла, тој нареди писмено: „Нека се обори врз неговата глава опаката замисла што ја беше засновал против Евреите, и нека биде обесен, тој и неговите синови. 26Затоа тие денови се наречени Пурим, според зборот Пур. Затоа според сета содржина на тоа писмо, и според она што видоа и што им беше пренесено 27Евреите се обврзаа неотповикливо и прифатија за себе, за своите потомци и за сите оние кои ќе се здружат со нив, дека ќе ги прославуваат секоја година тие два дена според тој пропис и во тоа време. 28Тие денови треба да се слават и да се спомнуваат за нив од поколение до поколение во секое семејство, покраина и град: тие денови на Пурим не смеат да исчезнат пред Евреите, ниту споменот за нив да биде избришан од нивниот род.
Б. Естирино одобрување
29Царицата Естира, ќерката Авихаилова, и Евреинот Мардохеј го напишаа тоа што посилно за да го поткрепат така уште еднаш писмото за Пурим. 30Писмата им беа испратени на сите Евреи во сто дваесет и седум покраини на Ахасверовото царство со порака на мир и верност; 31за да ги пазат тие денови на Пурим во нивното одредено време, како што го одредија тоа Евреинот Мардохеј и царицата Естира, и за да пазат пост и молитви, онака кака што тие се обврзаа себеси и своите потомци. 32Така Естирината наредба ги озакони овие прописи за Пурим, и тоа беше запишано во книжен свиток.
Селектирано:
ЕСТИРА 9: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: