БИТИЕ 27
27
Благослов добиен со измама
1Исак остаре, му гаснеше очниот вид. Затоа го повика својот повозрасен син Исав и му рече: „Сине!“ Тој му одговори: „Еве ме!“ 2А тој продолжи: „Гледаш, остарев, а не го знам денот на својата смрт. 3Затоа земи ја својата спрема, тулот и лакот, па оди во пустината и налови ми дивеч. 4Тогаш зготви ми вкусно јадење, какво што сакам, па донеси ми да јадам и да можам да те благословам пред да умрам.“
Ревека применува итрина
5Ревека слушаше додека Исак му зборуваше на сина си Исава, и кога Исав отиде во полето да налови дивеч за татка си. 6Ревека му рече на својот син Јаков: „Ете, чув како татко ти му зборуваше на твојот брат Исав: 7„Донеси ми дивеч и зготви ми вкусно јадење да јадам, па да те благословам пред Господовото лице, пред да умрам.“ 8А сега, сине мој, послушај ме и направи како што ќе ти наредам. 9Оди при стадото и донеси ми оттаму две убави јариња, а јас ќе му зготвам од нив на твојот татко вкусно јадење, какво што тој сака. 10Тогаш ти ќе му однесеш на татка ти да јаде, за да може да те благослови тебе, пред да умре.“ 11Но Јаков ѝ одговори на својата мајка Ревека: „Мојот брат Исав е влакнест, а јас сум без влакна! 12Можеби татко ми ќе ме допре, и ќе излезам измамник во неговите очи, па ќе навлечам врз себе проклетство, а не благослов.“ 13Ама мајка му му одговори: „Сине мој, твоето проклетство нека падне врз мене! Само ти послушај ме, оди и донеси!“ 14Тој отиде, најде и ѝ донесе на мајка си, а мајка му зготви вкусно јадење, какво што сакаше татко му. 15Потоа Ревека ја зеде најубавата облека на својот повозрасен син Исав, што ја имаше во куќата, и го облече во неа својот помлад син Јаков. 16Му ги завитка рацете и голиот дел на вратот со кожа од јариња. 17Потоа му ги даде во рацете на Јакова: јадењето и лебот, што ги имаше приготвено.
18Тој отиде при татка си и рече: „Татко!“ Тој одговори: „Еве ме. Кој мој син си ти?“ 19А Јаков му одговори на татка си: „Јас сум Исав, твојот првороденец; направив како што ми рече. Сега стани, седни па јади од мојот лов, за да можеш тогаш да ме благословиш.“ 20Исак го праша својот син: „Како успеа толку бргу, сине мој?“ Тој одговори: „Бидејќи Господ, твојот Бог, ми беше милостив.“ 21Потоа Исак му рече на Јаков: „Приближи се, сине мој, да те опипам дали си ти навистина мојот син Исав или не си.“ 22Јаков се доближи до татка си Исака, кој го опипа и рече: „Гласот е Јаковов, но рацете се Исавови.“ 23Не го препозна, зашто рацете му беа влакнести, како и рацете на брата му Исава. Кога сакаше да го благослови, 24го праша уште еднаш: „Ти ли си навистина мојот син Исав?“ Тој одговори: „Јас сум.“ 25Потоа Исак рече: „Стави пред мене, да јадам од ловот на мојот син, па да те благослови мојата душа.“ Јаков го послужи, и јадеше. Потоа му донесе вино, и пиеше. 26Неговиот татко Исак му рече: „Приближи се, сине мој, и пољуби ме!“ 27Кога се доближи и го пољуби, Исак го почувствува мирисот на неговата облека и го благослови: „Ете! Мирисот на сина ми сличен е на мирисот на полето, што Господ го благослови. 28Бог нека ти даде роса од небото и плодност на земјата: изобилство на жито и вино. 29Народите да ти служат, племињата да ти се поклонуваат! Да господариш над своите браќа, синовите на мајка ти нека се поклонуваат пред тебе! Проклет да биде кој те проколнува; благословен - кој те благословува!“
Исав плаче заради измамата
30Тукушто Јаков се оддалечи од татка си Исака - откако Исак го благослови Јакова - неговиот брат Исав дојде од лов. 31И тој зготви вкусно јадење и му го донесе на татка си. И му рече на својот татко: „Стани, татко мој, и јади од ловот на сина си, за да можеш да ме благословиш тогаш!“ 32А неговиот татко Исак праша: „Кој си ти?“ Тој одговори: „Јас сум твојот првороденец Исав!“ 33Исак се исплаши многу: „А кој беше тогаш оној, што налови дивеч и веќе ми донесе? Јадов пред да дојдеш ти; го благословив оној и благословен ќе остане.“ 34Штом Исав ги чу зборовите на татка си извика гласно и заплака горко, па му рече на татка си: „Благослови ме и мене, татко!“ 35А тој одговори; „Твојот брат дојде со измама и го однесе твојот благослов.“ 36„Веројатно затоа што името му е Јаков, веќе двапати ме измами - рече Исав. - Ми го одзеде првородството, а сега, еве, ми го одзеде и благословот.“ Тогаш прирече: „Зар не задржа за мене некаков благослов?“ 37Исак му одговори на Исава: „Веќе го поставив него за твој господар; нему му ги дадов сите негови браќа за слуги; го надарив со жито и вино. А што можам сега да сторам за тебе, сине мој?“ 38Исав му одговори на својот татко: „Зар ти, татко, располагаш само со еден благослов? Благослови ме и мене, татко мој!“ Исав плачеше гласно. 39Тогаш татко му Исак проговори и рече: „Твојот дом ќе биде далеку од плодната почва, Далеку од росата од небото. 40Ќе живееш од својот меч, ќе му служиш на брата си. Но еднаш, кога ќе се побуниш, ќе го стресеш неговиот јарем од својот врат.“
41Исав го замрази Јакова заради благословот, со кого неговиот татко го благослови, па си рече во себеси: „Штом ќе дојдат деновите на жалост по татка ми, ќе го убијам брата си Јакова.“ 42Кога ѝ ги соопштија на Ревека тие зборови, што ги рекол нејзинио повозрасен син Исав, таа го повика помладиот си син Јаков и му рече: „Внимавај! Брат ти Исав има мисла да те убие. 43Но ти, сине мој, послушај ме: веднаш бегај при брата ми Лавана во Харан. 44Остани некое време кај него, додека бесот на брата ти тлее кон тебе; 45додека помине гневот на брата ти и тој заборави што си му сторил. Тогаш јас ќе испратам по тебе и ќе те доведам оттаму. Зошто да ве изгубам двајцата во еден ден!“
46Потоа Ревека му рече на Исака: „Ми здодеа мојот живот заради овие жени Хетејки. Ако и Јаков се ожени со некоја Хетејка, какви што се домородкиве, зошто ми е тогаш животот!“
Селектирано:
БИТИЕ 27: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: