БИТИЕ 47
47
1И Јосиф отиде и го извести фараонот: „Татко ми и браќа ми стигнаа со својот ситен и крупен добиток, и со сѐ што имаа, од Ханаанската Земја, и ене ги во Гесенската Земја.“ 2И земајќи петмина од своите браќа, ги воведе при фараонот. 3А фараонот ги праша неговите браќа: „Со што се занимавате?“ Му одговорија на фараонот: „Твоите слуги се сточари; како и нашите татковци. 4Дојдовме да поживееме во земјава - му рекоа на фараонот - зашто ги снема пасиштата за стадата на твоите слуги. Страшен глад ја притисна Ханаанската Земја. Дозволи ни: твоите слуги да се населат во Гесенскиот Крај.“ 5Фараонот му рече на Јосифа: „Татко ти и браќа ти дојдоа кај тебе. 6Египетската Земја е пред тебе; насели ги татка ти и браќа ти во најубавото место на земјава; тие нека живеат во крајот Гесен. А ако знаеш дека меѓу нив има способни луѓе, постави ги за надгледувачи на мојот добиток.“ 7И Јосиф го доведе татка си Јакова и му го претстави на фараонот. Јаков го благослови фараонот. 8Фараонот го праша Јакова: „Колку се годините на твојот живот?“ 9Јаков му одговори на фараонот: „Деновите на мојот живот на земјата се сто и триесет години, малку и несреќни беа годините на мојот живот; не ги достигнаа годините на животот на моите татковци во дните на нивните скитања.“ 10Потоа Јаков го благослови фараонот и си отиде од кај него. 11Така Јосиф ги насели татка си и своите браќа, давајќи им го во сопственост најубавиот крај на Египетската Земја, во Рамзескиот Крај, како што нареди фараонот. 12А Јосиф ги снабде со храна татка си, своите браќа и целото татково семејство сѐ до најмалиот.
Јосифови мерки против гладот
13Никаде немаше храна: зашто притисна страшен глад: тој ги измачи и Египетската Земја и Ханаанската Земја. 14Јосиф ги собра сите сребреници што се наоѓаа во Египетската Земја и во Ханаанската Земја за житото, што беше продавано, и ги однесе сребрениците во фараоновиот дворец. 15Кога ги снема сребрениците во Египетската Земја и во Ханаанската Земја, сите Египетци дојдоа при Јосифа и му рекоа: „Дај ни леб! Зошто да изумреме пред твои очи? Нема веќе сребро.“ 16Јосиф одговори: „Дотерајте го својот добиток, па ќе ви дадам жито во замена за добитокот, штом ги снема сребрениците.“ 17Така тие го дотеруваа својот добиток при Јосифа; а Јосиф им даваше леб во замена за коњите, за ситниот и крупниот добиток и за ослињата. И ги снабдуваше во таа година со леб во замена за сиот нивни добиток. 18Кога помина годината, дојдоа при него и во втората година и му рекоа: „Не можеме да скриеме од нашиот господар: сребрениците ги снема, добитокот е веќе отстапен на господарот; не ни останува ништо друго да му отстапиме на господарот освен себеси и нашите ораници. 19Зошто да погинеме во твоите очи, и ние и нашата земја? Купи нѐ нас и нашата земја за леб; и така ќе станеме фараонови робови заедно со нашата земја; дај ни семе за да преживееме: да не умреме и да не запустат нашите ораници!“
20Така Јосиф ја купи за фараонот сета Египетска Земја, зашто секој Египетец, кога го притисна гладот, ги продаде своите ниви. Така земјата стана фараонова сопственост, 21а народот, од едниот до другиот крај на Египет, негово робје. 22Единствено не ги купи свештеничките имоти, зашто фараонот им даваше на свештениците одреден дел, и така живееја од приходот што им го даваше фараонот, затоа не ги продадоа своите имоти. 23А Јосиф му рече на народот: „Бидејќи денес ве купив за фараонот и вас и вашата земја, еве ви семе, па засејте ја земјата. 24Но кога ќе биде жетвата, ќе му давате на фараонот една петина, додека четири петини ќе ви остануваат вам: за засејување на полето, за храна за вас и за оние, кои се во вашите домови и за храна на вашите деца.“ 25Тие одговорија: „Ни го спаси животот! Ние сме му благодарни на нашиот господар, зашто можеме да бидеме фараонови робови.“ 26Така Јосиф го постави земјоделскиот закон во Египет, што важи и денес: петината му припаѓа на фараонот; исклучувајќи ја само земјата на свештениците, што не му припаѓаше на фараонот.
27Израел живееше во Египетската Земја, во Гесенскиот Крај; во него добија сопственост; беа плодни и се намножија многу. 28Јаков поживеа седумнаесет години во Египетската Земја. А должината на Јакововиот живот достигна сто четириесет и седум години. 29Кога му наближи на Израела времето да умре, го повика сина си Јосифа и му рече: „Ако најдов милост во твоите очи, стави ја раката под моето бедро, за да пројавиш милост и правда кон мене: Не ме погребувај во Египет! 30За да легнам долу, со своите татковци, пренеси ме од Египет горе и погреби ме во нивната гробница!“ А тој рече: „Ќе сторам според твоите зборови.“ 31И му рече: „Заколни ми се!“ И тој му се заколна. Тогаш Израел се поклони длабоко врз перницата на постелата.
Селектирано:
БИТИЕ 47: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: