БИТИЕ 7
7
Потоп
1Тогаш Господ му рече на Ное: „Влезете: ти и сето твое семејство во бродот, зашто видов дека единствено ти си праведен пред Мене во ова време. 2Земи со себе од сите чисти животни по седум двојки: машкото и неговата женка. 3Исто така од небесните птици по седум двојки - машкото и женката - за да им се запази семето на земјата. 4Зашто, по седум дена, ќе пуштам дожд на земјата: четириесет денови и четириесет ноќи, та ќе го истребам од лицето на земјата секое живо суштество, што сум го создал.“ 5Ное направи сѐ, како што му нареди Господ.
6Ное имаше шестотини години кога потопот дојде на земјата. 7И пред потопните води влегоа во бродот со Ное: неговите синови, неговата жена и жените на неговите синови. 8Од чистите животни и од животните што не беа чисти, од птиците, од сѐ што лази по земјата, 9влегоа по две - машко и женско - во бродот, со Ное, како што Бог му заповеда на Ное. 10А на седмиот ден, потопните води заплискаа врз земјата. 11Во оној ден - на шестотата година на Ноевиот живот, во вториот месец, во седумнаесеттиот ден на месецот - бликнаа сите извори на бездната, се отворија сите небесни брани. 12И дожд удри да паѓа по земјата четириесет денови и четириесет ноќи. 13Во оној ден влегоа во бродот Ное и неговите синови: Сим, Хам и Јафет, Ноевата жена и трите жени на Ноевите синови со нив; 14тие, и сите видови животни: добитокот, лазачите што ползат по земјата, птиците и разновидни крилести суштества, 15влегоа во бродот со Ное, по две од сите суштества што имаат во себе жива душа. 16Сѐ што влезе беше двојка: машки и женски пол од сите суштества, како што Бог му нареди на Ное. Тогаш Господ ја затвори вратата зад него.
17Поројниот дожд паѓаше на земјата четириесет денови; водите растеа постојано и го носеа бродот: се дигна високо над земјата. 18Водите надоаѓаа бујно над земјата и растеа високо, а бродот пловеше по површината. 19Водите поплавуваа сѐ посилно и растеа над земјата, така што ги покрија сите највисоки планини под небото. 20Водите се креваа петнаесет лакти над потонатите планини. 21Загинаа сите суштества што се движеа по земјата: птиците, добитокот, ѕверовите, сите лазачи и сите луѓе. 22Сѐ што имаше животно дишење во своите носалки - сѐ што беше на копното - загина. 23Беше истребено секое суштество од земјината површина: човекот, животните, лазачите и небесните птици, сѐ беше збришано од земјата. Останаа само Ное и оние што беа со него во бродот. 24Водите се задржаа над земјата сто и педесет денови.
Селектирано:
БИТИЕ 7: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: