ИСАИЈА 47
47
23. Паѓање на Вавилон
1„Снижи се, седни во правот, девице, вавилонска ќерко! Седни на земјата, без престол, халдејска ќерко! Зашто, не ќе те викам веќе нежна и раскошна. 2Земи рачна мелница и мели брашно! Симни го превезот, подигни ги краиштата на облеката, разголи ги бедрата, премини преку реката! 3Нека се открие твојата голотија нека се покаже твојата срамота! Јас ќе се одмаздам, никој не ќе Ме спречи.“ 4Нашиот откупител, името Му е Господ над Војските, Израелевиот Светец вели: 5„Седи молчејќи, повлечи се во темнина, халдејска ќерко. Зашто, нема веќе да те викаат владетелка на царствата. 6Се разгневив на Својот народ, го запустив Своето наследство. Ти ги предадов тебе во рацете, а ти не им искажа милост. На старците го ставаше своето претешко бреме. 7Зборуваше: ‘Довека ќе останам господарка.’ Никогаш тоа не го зеде на срце, ниту помисли како ќе заврши. 8А сега послушај, развратнице, која седиш безгрижно и во своето срце говориш: ‘Јас и никој друг! Никогаш не ќе овдовеам, не ќе ги изгубам децата!’ 9Двете нешта ќе те стигнат, во миг, во ист ден! Ќе ги изгубиш децата, ќе овдовееш! Со полна мерка ќе те најдат двете нешта покрај сето твое вражање и мноштво на твоите проклетства! 10Се надеваше во своето зло, зборуваше: ‘Никој не ме гледа!’ Твојата мудрост и знаењето те заведоа. Во своето срце велеше: ‘Јас и никој друг!’ 11Зло ќе те најде - не ќе го пресретнеш, несреќата ќе се нафрли врз тебе - нема да ја одвратиш; пропаста ќе дојде одненадеж врз тебе, нема да ја предвидиш.
12И така, запри со своите вражања и со толкуте свои баења, околу кои се трудеше од младоста. Ако можат да ти бидат од полза? Ако можеш со нив да предизвикаш страв? 13Те изморија твоите многубројни советници! Нека станат само да те спасат оние кои ги премеруваат небесата, кои ги набљудуваат ѕвездите и кои секој месец проречуваат што ќе те снајде. 14Ете, тие ќе бидат како плева, оган ќе ги изгори. Ни самите себе не ќе се избават од силата на пламенот. Не ќе остане ни жарче, за да се огрее некој, ни огниште, да поседи покрај него! 15Такви ќе бидат твоите вражалци, со кои се трудеше од младоста! Секој ќе тргне по својот пат, и не ќе има никој да те спаси.
Селектирано:
ИСАИЈА 47: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: