ИСАИЈА 56
56
В. Спасение за сите народи
1. Народи учесници во благослов на Израел
1Господ зборува вака: „Пазете го правосудството и вршете ја правдата, зашто наскоро ќе дојде Моето спасение и ќе се објави Мојата правда. 2Блазе му на човекот кој прави така и на синот човечки што се придржува за тоа: кој ја почитува саботата за да не ја онечисти и кој ги чува своите раце од секое зло дело.“ 3Нека синот на туѓинецот, кој се прилепил кон Господа, не зборува: „Господ ќе ме одвои сосем од својот народ.“ Нека скопениот не зборува: „Еве, јас сум суво дрво.“ 4Зашто вака зборува Господ: „Со скопените што ги пазат саботите, кои избираат што Ми е мило Мене, и остануваат постојани во Мојот Завет 5ќе издигнам во Мојата куќа и меѓу Моите ѕидови споменик и име, подобро отколку на синовите и ќерките, ќе им дадам вечно име што не ќе биде истребено. 6А туѓинските синови, кои се определија за Господа за да Му служат и за да го љубат Господовото Име и за да Му бидат слуги, кои ја почитуваат саботата и не ја онечистуваат и кои се постојани во Мојот Завет, 7нив ќе ги доведам на Мојата Света Гора и ќе ги развеселам во Мојот Молитвен Дом. Нивните паленици и жртви ќе бидат угодни на Мојот жртвеник, зашто Мојот Дом ќе се нарече Дом на Молитва на сите народи.“ 8Говори Господ Бог, Кој ги собира распрснатите Израелци: „Ќе ги соберам уште покрај оние што веќе се собрани.“
2. Казна за неспособни водачи
а. Нечесни пророци на Израел
9Сите полски ѕверови, дојдете да јадете, и вие сите, горски ѕверови! 10Сите стражари му се слепи, и ништо не сфаќаат. Сите се тие неми пси, не можат да лаат. Сонуваат и дремат, најмило им е да спијат. 11Тоа се лакоми, ненаситни, кучиња; тоа се пастири без разум: секој се свртува по својот пат, секој по својата печалба. 12„Дојдете“, велат, „ќе донесам вино; ќе се напиеме жесток пијалак, и утре ќе биде како денес, големо изобилство, преголемо!“
Селектирано:
ИСАИЈА 56: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: