ИСАИЈА 59
59
4. Грешна состојба на Израел
а. Гибел за нечистите
1Не, не е прекратка Господовата рака за да спаси, ниту увото Му заглувна за да не чуе, 2туку вашите беззаконија создадоа разделба, меѓу вас и вашиот Бог. Вашите гревови го сокрија Неговото лице, и Тој веќе не ве слуша. 3Зашто вашите раце се облеани со крв, а вашите прсти во злостори. усните ви изговараат лага, а јазикот произнесува неправда. 4Никој не подига глас за правда, ниту некој се застапува за вистина. Се надеваат во ништожество, кажуваат лага, зачнуваат злоба, а раѓаат беззаконие. 5Лежат врз змијски јајца, ткаат пајакова мрежа; ако го изеде некој нивното јајце, умира, ако го скрши, од него излегува лутица. 6Не е можно да се облече нивното ткаење; не можеш да се покриеш со нивната ракотворба. Нивните ракотворби се злосторнички дела, прават насилство со своите раце. 7Нивните нозе итаат кон злото, и се брзи за да пролеат невина крв. Мислите им се злосторнички мисли, опустувања и пропаст се на нивните патишта. 8Тие не го познаваат патот на мирот, нема правда на нивните патеки. Ги искривија своите патишта, кој тргнува по нив, не го познава мирот. 9Затоа правото се оддалечи од нас, затоа правдата не достига до нас. Ѝ се надевавме на светлината, а тоа темнина; и на виделото, а тоа одиме во мрак. 10Пипаме како слепци вдолж по ѕидот, тапкаме како без очи. Се сопнуваме на пладне како во примрак, сосем здрави, како да сме мртви. 11Сите ‘ржиме како мечки, и стенкаме тажно како гулаби. Го чекавме судот, а него го нема, и спасението - далеку е од нас. 12Зашто се многу нашите престапи пред Тебе, и нашите гревови сведочат против нас. Навистина, нашите престапи се пред нас, ние ја знаеме нашата вина; 13се побунивме и Го одрековме Господа, се одметнавме од својот Бог, зборувавме подмолно, одметнички, мрморевме лажливи зборови во срцето. 14Така е истиснато правосудството, и правдата стои далеку. Зашто вистината се сопна на раскрсниците, и нема веќе пристап кон чесноста. 15Вистината исчезна, а кој се отстранува од злото, ќе биде пленет.
б. Ветување на Искупител
Господ гледа, и не Му е мило зашто нема правда. 16Виде дека нема човек, се зачуди дека нема посредник. Тогаш Му помогна Неговата мишка и Неговата правда Го потпре. 17Ја облече праведноста како оклоп, го стави на главата шлемот на спасението. Со одмаздата се облече како со облека, со ревноста се наметна како со наметка. 18Ќе му врати секому според неговите дела: Својот гнев на противниците, одмазда на непријателите. 19Од запад ќе се исплашат од Господовото Име и Неговата Слава од сончевиот исток. Зашто ќе дојде како пороен поток, тласкан од Господовиот здив. 20Но ќе му дојде Искупител на Сион, и на оние од Јакововите синови кои ќе се обратат од своето отпадништво,“ слово е Господово.
21„А ова е Мојот Завет со нив,“ говори Господ. „Мојот Дух кој е на тебе и Моите зборови што ги ставам во твојата уста, не ќе излезат од твојата уста ни од устата на твоето потомство, ни од устата на потомството на твоите потомци, од сега па довека,“ вели Господ.
Селектирано:
ИСАИЈА 59: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: