ИСАИЈА 63
63
г. Ден за одмазда за непријателите на Сион
1Кој е тој што доаѓа од Едом, од Восор, во црвени облеки? Кој е тој што, величествено облечен, чекори полн со сила? „Јас Сум, Кој зборувам правда, Силен кога спасувам! 2Зошто е црвена твојата облека, и рувото како кај оној кој гази во кацата? 3- Самиот газев во кацата, од народите никој не беше. Ги изгазив во Својот гнев и ги згмечив во Својата јарост. Нивната крв Ми ја испрска облеката, го извалкав сето Свое руво. 4Зашто денот на одмаздата Ми беше во срцето, дојде годината на Моето искупување. 5Се обѕрнав, но немаше помошник! Се зачудив, но немаше поткрепа. Тогаш Ми помогна Мојата мишка, и Мојата лутина Ме поткрепи. 6Ги сотрев народите во Својот гнев, сите ги изгазив во јарост, и земјата ја натопив со нивната крв!“
8. Спомнување за Божји милости во минатото
а. Избор на Израел
7Ќе ја славам Господовата љубов, Неговите славни дела - за сѐ што им стори Господ, за големата добрина кон Израелевиот дом, што ни ја искажа во Својата сомилост, во изобилството на Својата љубов. 8Рече: „Доста, тие се Мој народ, синови, кои не ќе изеневерат!“ И Тој им стана Спасител. 9Во сите нивни тешкотии Тој ги сожалуваше, и Ангел на Неговата присутност ги избавуваше; поради Својата љубов и сомилост, Самиот ги откупи, ги дигна и ги носеше во сите дни на древноста.
б. Божјо избавување на Израел преку Мојсеја
10Но тие се одметнаа, го жалостеа Неговиот Свет Дух. Затоа им стана непријател и Самиот завојува против нив. 11Тогаш си спомнаа за древните денови и за Неговиот слуга Мојсеј: „Каде е Оној, Кој го извади од водата пастирот на Своето стадо? Каде е Оној, Кој Го вдахна во него Својот Свет Дух? 12Кој ја водеше величествено Мојсеевата десница со Својата мишка, Кој ја раздели водата пред нив и Си придоби вечно Име; 13Кој ги преведе по дното на бездната, како коњ низ пустината и не се сопнуваа?“ 14Како добиток што слегува во долината, Господовиот Дух ги водеше кон одморалиштето. Така Ти го водеше Својот народ и Си придоби вечно Име.
в. Молитва кон Бога, Татко и Искупител, за помилување
15Погледај од небесата и види од Своето свето и славно живеалиште. Каде е Твојата ревност и сила? Зар престанаа наклонетоста на Твоето срце и Твојата милост кон мене? Ах, не воздржувај го Твоето сочувство, 16зашто си наш Татко! Авраам не нѐ познава и Израел не нѐ признава за свои; Господи, Ти си наш Татко, наш Искупител - Името Ти е од секогаш. 17Зошто, о Господи, зошто нѐ оставаш да скитаме далеку од Твоите патишта, зошто ни даде да ни затврднат срцата за да не се боиме повеќе од Тебе? Врати се, заради Своите слуги и заради племињата што се Твое наследство! 18Зошто безбожниците го газат Твоето Светилиште, а нашите непријатели ја валкаат Твојата светост? 19Одамна станавме како оние, со кои веќе не владееше и кои веќе не го носат Твоето Име.
Селектирано:
ИСАИЈА 63: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: