ИСАИЈА 9
9
5. Раѓање на Цар - Месија
1Во прво време Тој ја понижи Завулоновата Земја и Нефталимовата Земја, но во последното време Тој ќе го прослави патот покрај морето од онаа страна на Јордан - незнабожечката Галилеја. 2Народ кој одеше во темнина, виде голема светлина; оние што живееја во мрачна земја, ги осветли силна светлина. 3Ти го умножи народот, ја зголеми веселбата, и тие се радуваат пред Тебе, како што луѓето ѝ се радуваат на жетвата, како што викаат кога се дели пленот.
4Неговото тешко бреме, прачката што му ги притискаше плеќите, бичот на неговиот гонител, ги скрши како во мадијамскиот ден. 5Да, сите воени обувки, секоја облека натопена во крв, ќе изгорат и ќе му бидат храна на огнот. 6Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот. 7Неговата власт ќе се шири надалеку и не ќе има крај на мирот над Давидовиот престол, над неговото царство: ќе го зацврсти и ќе го утврди во правина и во праведност. Отсега и довека ќе го направи тоа приврзаната љубов на Господа над Воинствата.
В. Казнување на горделива Самарија (Ефрем)
1. Гордост на Самарија
8Господ испрати слово на Јакова и тоа падна на Израел. 9Го научи сиот Негов народ, Ефрем и жителите на Самарија кои велеа со надуено и горделиво срце: 10„Ни пропаднаа тулите, ќе градиме од делкан камен; ни ги исекоа дивите смокви, ќе посадиме кедри.“ 11Но Господ ги подигна на гората Сион неговите противници и ги подбуцнува неговите непријатели: 12Сиријците на исток, Филистејците на запад, за да го голтнат со сите усти Израел. Покрај сѐ тоа Неговиот гнев нема да се смири, Неговата рака ќе остане испружена.
2. Дволичност на Самарија
13Но народот не се обрати кон Оној Кој го биеше, не Го бараа Господа над Војските. 14Затоа Господ му ги отсече на Израел главата и опашката, палмата и трската во еден ден. 15Старешината и првенецот - тоа е главата; пророкот, учител на лагата - тоа е опашката. 16Оние кои го водат тој народ, го заведуваат, а кои ќе остават да бидат водени - пропаднаа. 17Затоа Господ нема да ги поштеди младите, нема да им се смилува на неговите сираци и вдовици. Сиот тој народ е безбожен и зол, зборува безумно со сета уста. Неговиот гнев нема да се смири на сѐ тоа, Неговата рака ќе остане испружена.
3. Гревот влече разурнување по себе
18Да, безбожноста се размавта како оган, голта глогинки и трње, па ги запали густите горски месности, столбови од дим се креваат. 19Гори земјата од Господовиот гнев, народот му станува храна на огнот. Никој не го поштедува ни брата си, 20ќе граби оддесно и пак ќе е гладен; ќе голта одлево, и пак не ќе е сит; секој ќе јаде месо од својата мишка. 21Манасиј Ефрема, Ефрем Манасија, двајцата заедно против Јуда. Неговиот гнев нема да се смири на сѐ тоа, Неговата рака ќе остане испружена.
Селектирано:
ИСАИЈА 9: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

:
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fen.png&w=128&q=75)