ЕРЕМИЈА 3
3
5. Неопходност од покајание и обратување кон Господа
1Зборуваат: ‘Ако мажот ја отпушти својата жена и таа си отиде од него, та се омажи за друг, има ли уште право да се врати кај него? Не е ли таа жена сосем осквернета?’ А ти блудствуваше со многу љубовници, па да Ми се вратиш Мене? - говори Господ. 2Подигни ги очите кон голините и погледај: каде тоа не те оскверниле? На патиштата ги пречекуваше како Арабјанец во пустината. Ти ја оскверни земјата со својот блуд и со својата нечесност, 3затоа и дождовите прекратија, и доцните дождови не паднаа. Челото ти е како во блудница: не се ни зацрвени. 4Не Ми викаш ли сега: ‘Татко мој, ти си пријател на мојата младост! 5Дали засекогаш ќе пламнееш и вечно ли ќе тлее твојот гнев?’ Така зборуваш, а и натаму правиш зла, колку што можеш.“
6. Повик кон покајание
6Господ ми рече во деновите на царот Јосиј: „Виде ли што направи одметничката Израел? Таа оди на секоја висока гора и под секое зелено стебло и таму му се предава на блудството. 7А Јас мислев: ‘По сѐ што ќе направи, ќе Ми се врати Мене.’ Но таа не се враќа. И тоа го виде нејзината сестра, неверницата Јудеја. 8А виде и како ја отпуштив одметничката Израел заради сите прељуби и ѝ дадов отпустен книжен свиток. Но сестра ѝ, неверницата Јудеја, не се исплаши ни малку, па и таа сврте во блудство. 9И со своето лесноумно блудство ја обесчести земјата; правеше прељуба со камења и со дрва. 10И после сѐ тоа не се врати кај Мене нејзината сестра неверница, Јудеја, со сето свое срце, туку само лажно - Господово слово е.
11И ми рече Господ: „Одметничката Израел поправедна е од неверницата Јудеја. 12Оди и викај ги кон Север овие зборови. Речи: ‘Врати се, одметничке, Израелу, говори Господ. Не се гневи веќе Моето лице на вас, зашто Сум милостив - говори Господ, не ќе се гневам довека. 13Само признај ја својата кривица дека се одметна од Господа, твојот Бог, и дека заскита кон туѓинците, под секое зелено дрво, и не го слушаше Мојот глас - говори Господ.
14Вратете се, синови одметници - говори Господ - зашто Јас Сум вашиот Господар. Ќе ве земам, по еден од секој град, по двајца од секој род, да ве одведам на Сион. 15И ќе ви дадам пастири според Своето срце, кои ќе ве пасат разумно и мудро.
16А кога во тие дни ќе се намножите и народите во земјата - Господово слово е - веќе нема да се зборува: ‘Ковчег на Господовиот Завет’ и никој не ќе мисли на него, никој не ќе си спомнува за него, ниту ќе копнее по него, ниту ќе го гради повторно. 17Во тоа време Ерусалим ќе се вика: ‘Господов Престол;’ и сите народи ќе се соберат во него во Господово Име, и ниеден веќе не ќе се поведува по своето расипано срце. 18Во оние денови Јудиниот дом ќе се сложува со Израелевиот дом; и заедно ќе тргнат од Северната Земја, во земјата што им ја дадов во наследство на вашите татковци.
19А јас реков: ‘Како да те вбројам меѓу синовите и да ти ја дадам земјата на сласта, наследството, најубавиот бисер меѓу народите!’ Помислив: ‘Ти ќе ме викаш: „Татко мој!“ и веќе не ќе отстапиш од Мене.’ 20Но како што жената го изневерува својот маж, така и вие Ме изневеривте Мене, Израелев дому - говори Господ.
21Чуј! По високите голини се слуша плач, викање за помош на Израелевите деца, зашто свртија од својот пат. Го заборавија Господа, својот Бог. 22Вратете се, синови, што се одвративте, ќе ги исцелам вашите одметништва!“
- Еве, доаѓаме кај тебе, зашто Ти си Господ, нашиот Бог! 23Навистина, измамливи се висовите, врева по ридовите. Навистина, во Господа, нашиот Бог, е Израелевото спасение! 24Ваал го проголта трудот на нашите татковци уште од нашата младост: нивните овци и говеда, нивните ќерки и синови. 25Да легнеме во својот срам, нека нѐ покрие нашето засрамување! Зашто на Господа, својот Бог, Му згрешивме, ние и нашите татковци, од својата младост до денешниот ден, и не го слушаме гласот на Господа, нашиот Бог.“
Селектирано:
ЕРЕМИЈА 3: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: