ЈОВ 20
20
5. Втора Софарова беседа
а. Непостојаност на среќата на нечесните
1Тогаш Софар Нааматецот проговори и рече: 2„Мислите ме тераат да ти одговорам, и затоа во мене врие тоа возбудување, 3додека ги слушам укорите што ме срамат, но мојот дух на разумот веќе ќе најде умен одговор. 4Зар тебе не ти е познато од старо време, од кога е поставен човекот на земјата, 5дека е кратковремена радоста на нечесниот, дека среќата на безбожникот поминува како миг? 6Макар со растот да порасте и до небото, а неговата глава да допре до облаците, 7тој исчезнува засекогаш како призрак. Кои го видоа велат: „Каде е сега тој?“ 8Тој се расплинува како сон без трага, исчезнува како ноќен привид. 9Ниедно око нема веќе да го гледа, ниту неговото место ќе го види. 10Бедните ќе ги гонат неговите деца: со своите раце ќе си го вратат имотот. 11Неговите коски беа бујни со младост, ете, тие лежат во правот. 12Злото и беше слатко на неговата уста, па го криеше под својот јазик; 13се насладуваше внимавајќи да не го голтне, и го задржуваше под своето непце. 14Но таа храна му гние во утробата, змиски отров станува во цревата. 15Проголтаното богатство треба да го изблува. Бог ќе го истера од неговата утроба. 16Цицаше отров од змиска глава: сега умира од јазикот на отровницата. 17Тој веќе нема да гледа потоци со масло, ниту ќе види како мед и млеко течат по реката. 18Ќе ја врати печалбата, без да вкуси од неа, нема да ужива во плодот на трговијата. 19Зашто сиромаштијата ја тапчеше и ја угнетуваше, одземаше куќи што не ги изградил,
б. Казнување на нечесниот
20зашто немаше крај на неговото лакомство, неговите богатства нема да го избават. 21Зашто неговата ненаситност не поштедуваше ништо, ни неговата среќа не ќе трае долго. 22Среде изобилството ќе се најде во тешка состојба, бедата ќе се нафрли врз него со сета сила. 23И додека го полни со храна својот желудник, Бог ќе ја пушти на него јароста на Својот гнев, ќе истури дожд врз него додека сѐ уште јаде. 24Ако и му избега на железното оружје, бронзен лак ќе го прониже со стрела. 25Ќе ја извлечеше стрелата, но таа му ги проби плеќите, а блескавиот врв стрчи од неговата жолчка, каде и да тргне, го дебнат трепети, 26Сите темнини го чекаат молкум него. Го уништува оган, незапален од некого, и голта сѐ под неговиот шатор. 27Ете, небото го открива неговото беззаконие и сета земја се крева против него. 28Богатството на домот ќе му исчезне, ќе го расфрлат во денот на Божјиот гнев. 29Бог им приготвува таква судбина на злосторниците и Тој му досудува такво наследство.“
Селектирано:
ЈОВ 20: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: