ЈОВ 6
6
2. Јовов одговор на Елифаз
а. Јов си посакува смрт
1А Јов одговори и рече: 2„О кога би можела да се измери мојата мака, а мојата неволја да се стави на мерилка! 3Тие сега би биле потешки од морскиот песок; и затоа моите зборови се брзоплети. 4Стрелите на Сѐсилниот се во моите внатрешности, нивниот бес ми го испива духот, Божјите стравотии удрија против мене. 5Па, рика ли дивото осле покрај свежа трева? Или мука ли волот покрај својата храна? 6Зар се јаде блутава храна без сол? Или има ли сласт во белката на јајцето? 7Ама она од што душата ми се одвраќаше, тоа ми стана одвратно јадење. 8Се надевам дека мојата молба ќе биде послушана, Бог да ми го исполни она за кое што копнеам! 9О, кога Бог би сакал да ме уништи, кога би мавнал со раката да ме сотре! 10Тоа би била вистинска утеха за мене, би можел да воскликнувам во тешки маки, зашто јас нема да ги скријам зборовите на Светиот. 11Зар имам сила уште да чекам? И каков ми е крајот за да живеам подолго? 12Зар е мојата сила како силата на каменот? Зар е моето тело од бакар? 13На што можам да се потпрам во себе? Зар не ми е скратена секоја помош?
б. Јов ги наречува пријателите неверни
14Кој му одбива милост на својот ближен, го презрел стравот од Сѐсилниот Бог. 15Браќата ме изневерија како поток, како зимските буици - своето корито, 16од мразот им се накреваат матните води, бујно растат од снегот што почна да се топи; 17но во сушно време скоро пресушуваат, тогаш од жега испаруваат, од коритото. 18Се отстрануваат тие од своите патишта, пристигаат во пустината и се изгубуваат во неа. 19Темските карвани ги бараат со очи, патниците од Шеба се надеваа на нив. 20А кога ќе дојдат до нив, се наоѓаат во чудо, зашто се засрамија во својата надеж.
в. Јов бара изобличување на свои гревови
21Во овој час и вие сте ми такви: Видовте ужас и се исплашивте. 22Дали ви реков: „Подарете ми нешто, дарувајте ми нешто од својот имот; 23избавете ме од непријателска рака, ослободете ме од силниковото ропство?“ 24Поучете ме вие и ќе молкнам, покажете ми: во што е мојот престап. 25О колку се силни искрените беседи! Но што имаат во предвид вашите прекори? 26Можеби мислите да ги изобличите зборовите? Па, во ветер оди очајниковиот говор! 27Зар бисте фрлиле жрепка за сирачето и бисте тргувале со својот пријател? 28Погледајте ме сега добро во очите, внимавајте да не ве излажам во лице. 29Проверете дали е неправда! Проверете го зборот, јас сум правичен! 30Зар има неправда на мојот јазик? Зар не ја вкусив секоја несреќа?“
Селектирано:
ЈОВ 6: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: