ЈОНА 3
3
НЕДОБРОВОЛНА ПОСЛУШНОСТ НА ЈОНА
3:1-10
1Господовото слово му дојде вторпат на Јона и му рече: 2„Стани, оди во Нинивија, голем град, и прогласи ја проповедта во него што ќе ти ја речам.“ 3Јона стана и отиде во Нинивија, според Господовото слово. Нинивија беше многу голем град - три дни одење. 4Јона кога почна да влегува во градот ден одење, проповедувајќи, велеше: „Уште четириесет денови, и Нинивија ќе биде уништена.“ 5И нинивијците поверуваа во Бога; огласија пост и се облекоа во вреќишта, сите од најголемиот до најмалиот.
6Словото стигна до царот на Нинивија, тој стана од престолот, ја соблече плаштеницата од себе, се облече во вреќиште и седна во пепел. 7Тогаш по одредбата на царот и на неговите големци се огласи и се објави во Нинивија: „Луѓето и добитокот, говедата и овците да не вкусат ништо, ниту да пасат, ниту да пијат вода. 8Туку и луѓето и добитокот да се покријат со вреќишта, да повикуваат силно кон Бога и секој да се одврати од својот лош пат и од насилствата што се во нивните раце. 9Кој знае, можеби Бог ќе се смилува и ќе се одврати од Својот лут гнев за да не загинеме?“ 10Бог ги виде нивните дела: дека се обратија од својот лош пат. И Господ се сожали заради несреќата со која им се беше заканил да ја направи, и не ја направи.
Селектирано:
ЈОНА 3: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: